Redhead with Orange Lips

Tags

, , , , , , , , ,

DRA_2925

It’s a rather unusual post from me, but I just had to show off my new orange lips and fresh red hair. The weather today is simply awful, so I did what I always do, brighten it up with pop of colour :) I’ve been searching for the right shade of orange (which is going to be HOT this season) for me since I have darker skin tone and red hair, and I found it in Bourjois’ Velvet lipstick N. 04. It all started with an article on Sales Gossip.UK about orange lips I stumbled upon on Twitter. I started trying out different textures and shades, their durability and luster, and Bourjois was the winner. I am pretty satisfied with their products, I’ve been using their compact blushers for years. Also in the Velvet palette is N. 06, a bright, rich fuchsia I think I will also be rocking this season. Tonight I’ll be enjoying dinner and Preplet‘s birthday with friends from Spain, so this redhead is ready to party!

DRA_2946 DRA_2927 DRA_2937 DRA_2940

I AM WEARING:

ОМАЈГАД Gold Edition T-shirt

BOURJOIS: 123 perfect foundation (N. 54); Ombre eyeshadows (N. 08 and 13); Eye pencil Smokey (N. 84 and 62); Mascara Twist Up; Fixing Powder Flower Perfections and Rouge Edition VELVET N.04.

bourjois-rouge-edition-velvet-lipsticks

Ова е малку невообичаен пост од мене, но морав да се пофалам со моите нови портокалови усни и тазе фарбаната црвена коса. Времето денес во Скопје е просто ужасно, па решив како и обично, да го разведрам со силни бои :) Ја барав вистинската нијанса на портокалов кармин (што патем ќе биде хит оваа сезона!) за мене бидејќи имам потемен тен и црвена коса, и ја најдов во палетата  Velvet Rouge на Буржоа (Bourjois), број 04. Сè почна со еден текст на Sales Gossip.UK на кој наидов на Твитер. Почнав да пробувам разни нијанси и текстури, колку се трајни и сјајни, и карминот на Буржоа беше победникот. Прилично сум задоволна од нивните производи, ги користам нивните компактни руменила со години. Во оваа палета има и една ведра, раскошна розово-виолетова нијанса 06 што исто така планирам да ја носам оваа сезона. Вечерва ќе уживам во вечера и роденденската забава на Преплет со пријатели од Шпанија и оваа црвенокоса е подготвена за забава!

PHOTO: Dragan Perkovski

Преплет слави роденден!

Tags

, , ,

12104_431845006961015_1427874893_n

Официјално, креативното студио ПРЕПЛЕТ на Магдалена и Викторија слави една година, иако се малку поодамна влезени во нашите срца. Со роденденска забава и продажна изложба на новата колекција пролет/лето 2014 ПРЕПЛЕТ утре, на 16 април, ќе прослави една година во кафулето Concept 37 што веќе стана редовна дестинација за ултра кул креативни настани во Скопје. Иновативните роденденски покани на Магдалена и Викторија просто повикуваат на забава и одвај чекам да го отворам моето пакетче со конфети и во 20 часот да прославам заедно со нив. Веќе се подновив со еден „беџ со став“ од нивната колекција и не можам да се донарадувам на нивните дизајни и инспиративни мисли испишани на македонски јазик. Нивните дела за мене пополнија една празнина во тој поглед и поттикнаа други креативци да продолжат во таа насока, секој со своите идеи и вкусови.

Се гледаме на роденден! :)

DRA_2785 DRA_2789 DRA_2797

LOOKBOOK: All Aboard Cloud9!

Tags

, , , ,

1

“Meet your parents in the blaze of their youth. You recognize them, but they don’t recoginze you. They hand you kaleidoscope glasses. You see retro designs and intoxicating smoke in blue, yellow and purple color. Now you have the real picture. You comfortably accept the adventure of living in a different youth. So, they really knew how to party. Dress yourself in the rhythm and colors of the nature and allow your senses to accept the challenge. This collection takes you on a journey in a forgotten wardrobe. Here you will find colorful cotton fabrics, liveliness that defies, smell of nostalgia and an old well known melody. And you know how to bring them back to life through a modern pulse.”

3

You already know I love her work and she always gives me a reason more as to why I do. Irina Tosheva, the designer of youth, made just about perfect lookbook for her new SS 2014 collection Cloud9, and showed yet another facet of her creative spirit. That’s what I love most about her, she knows how to engage her audience and offer a whole package for what she does. The lookbook tells the story behind her new line: the nostalgia for the time of her (and my!) parents’ youth, wrapped in colours, sunshine and amazing retro elements, seen through her kaleidoscopic sunglasses. Don’t you just wish you put on some bold prints and lay on a blanket in the wild all day listening to Led Zeppelin? I do!

11

See MORE photos HERE

The collection is available for international sale at eco-fashion online shop Bastet Noir

FWSK Day 5: Wearable Symbolism for Avant-garde Individuals by Robert Ivanovski

Tags

, , , , , , , , , , , ,

D82A6557

Powerful symbolism and thoroughly thought through  presentation are his trademarks. In his latest SS 2014 line Wounded presented at Fashion Weekend Skopje, Robert Ivanovski shifted the boundaries between the artistic and the functional dimension of fashion, presenting pieces that carried the intense dramatic insignia he is famous for, successfully mixed with clean, structured wearable silhouettes. Ivanovski presented Wounded in a performance, a smart choice given the composition of the line, counterpointing the purity of white with the intensity of red, both symbolic in their own merit. Sculptured corsets, pencil skirts, shorts and peplum tops for women, and shorts, pants, vest and a shirt for men of natural fabrics and eco-leather comprised the “blood stained” line that was unequivocally inspired by the immense suffering of innocent people brought by wars, intensified with the appearance of two children in the performance, wearing designs echoing the overall collection. This moment was perhaps a tad too dramatic, but it served its purpose, building a haunting imagery that the designer intended to paint. After his previous SS collection when he presented extremely wearable pieces, unlike his previous designs that bordered artistic stage designs, this time Ivanovski made the perfect symbiosis where he stayed true to his designer expression, but delivered a functional line. If some people think he crossed the red line, then they definitely don’t belong in his target clientele: daring, avant-garde individuals with liberated fashion sense aiming to leave a mark and tell a story with their wardrobe.

More photos by Miladin Papovic Photography coming soon on Stipka

D82A6615 D82A6650

Моќна симболика и темелно осмислена презентација се неговите заштитни знаци. Во неговата најнова колекција пролет/лето 2014 претставена на Модниот викенд Скопје насловена Ранети Роберт Ивановски ги помести границите на уметничката и функционалната димензија на модата, претставувајќи парчиња што го носеа интензивниот драматичен печат по кој е познат, успешно помешан со чисти, структурни, носливи силуети. Ивановски ја понуди Wounded преку перфоманс, што беше паметен потег имајќи ја предвид композицијата на линијата, ставајќи ги во контрапункт невиноста на белината со интензитетот на црвенилото, симболични сами по себе. Скулптурни корсети, pencil здолништа, шорцеви и пеплум горни парчиња за жените, како и шорцеви, панталони, елек и кошула за мажите од еко-кожа и природни ткаенини ја сочинуваа „крвавата“ колекција недвосмислено инспирирана од огромното страдање на невините луѓе што го носат војните, засилено со појавувањето на две деца во перформансот облечени во креации што ја одгласуваа целата колекција. Овој момент можеби беше предраматичен, но ја постигна целта: да го создаде привидот што обзема кој дизајнерот сакал да го наслика. По неговата претходна колекција пролет/лето кога претстави исклучително носливи парчиња, за разлика од неговите претходни креации што граничеа со уметничка сценска облека, овојпат Ивановски создаде совршена симбиоза: останувајќи верен на неговиот дизајнерски израз, понуди функционална линија. Ако некој смета дека Ивановски ја премина црвената линија, тогаш не припаѓа на неговата таргет клиентела: смели, авангардни индивидуалци со ослободен моден сенс кои сакаат да остават трага и да раскажат приказна преку нивната гардероба.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ наскоро на Штипка!

irina tosheva memnto mori aleksandrina vezilka carpisa clutch opi nailpolish

irina tosheva memento mori aleksandrina vezilka opi

I AM WEARING: Corset top & Blazer by Irina Tosheva Memento Mori Collection

Transparent skirt: Handmade

Clutch: Carpisa

FWSK Day 4: Opulent Fashion Brunch with Mila Kadriu

Tags

, , , , , , , ,

D82A6057

When fashion invites you to brunch, you dress up in your finest and take the invitation gracefully. And the invitation by Mila Kadriu to take the audience to a Fashion Brunch was too good to pass, so the weather decided to play along, too. On the fourth day of shows at Fashion Weekend Skopje, the dazzling colours of spring and the summer breeze walked on the catwalk placed in the surreal romantic setting of Horti Expert Garden Center. Kadriu presented her new line of 26 pieces, tops, long skirts and fairy tale dresses, bearing the heralds of nature’s awakening and bloom, bound with elements of the Orient that the designer is infatuated with since her last line. Rich patterns, delicate lace and playful details were dominant in the pieces with a lighter cut and silhouette, showing a more gentle facet of Kadriu, who is generally more strict in her form and uses more dominant symbolism in her work. It was refreshing to see her exhilarate her designs, although I must note that some pieces were still a bit strong for the sun bathed atmosphere, but I can imagine them glowing in a romantic summer night. The core inspiration of light elegance lingered throughout the line, although there was a bit incoherent mixture of motifs (I sense the designer is still heavily impressed by the splendor of India, and I would have loved to see her tame that opulence, having decided to present a lighter line). Having said that, I am far from not impressed by the line that is true to form to her work and I can see some of the pieces worn on a garden brunch by women who want to bring their sumptuous elegance everywhere they go and are not afraid to stand out with all their glamour even in broad daylight. 

AD Photography

AD Photography

D82A5985

More photos by Miladin Papovic Photography coming soon on Stipka

Кога модата ќе ве покани на бранч, се дотерувате во најубавите парчиња и грациозно ја прифаќате поканата. А поканата на Мила Кадриу да ја одведе публиката на Моден бранч беше премногу добра за да се одбие, па и времето реши да соработува со неа. На четвртиот ден од Модниот викенд Скопје, блескавите бои на пролетта и летното ветре прошетаа на пистата поставена во надреалната романтична атмосфера на гарден центарот Хорти експерт. Кадриу ја претстави новата линија од 26 модели, горни делови, здолништа и бајковидни фустани, што ги носеа предвесниците на будењето и цутот на природата, врзани со елементите на Ориентот што ја воодушевуваат дизајнерката уште од создавањето на нејзината претходна колекција. Богати дезени, деликатна тантела и разиграни детали беа доминантните елементи на парчињата со полесен крој и силуета, покажувајќи една понежна страна на Кадриу која генерално е построга во формата и користи подоминантен симболизам во нејзината работа. Беше вистинско освежување да се види како ги разиграла нејзините креации, иако мора да забележам дека некои од парчињата беа премногу смели за денот облеан во сонце, но можам да замислам како би блеснале во летна романтична ноќ. Суштинската инспирација на лесна елеганција провејуваше низ колекцијата, иако имаше мала недоследност во мешавината на мотиви (Имам чувство дека дизајнерката е уште под силни импресии на раскошот на Индија и сакав да видам како ќе го скроти тоа изобилие кога веќе одлучи да претстави посвежа линија). Покрај тоа, сепак далеку од тоа дека не сум импресионирана од линијата што е доследна на нејзината работа и можам лесно да замислам дел од креациите на бранч во градина, на жени кои сакаат да ја носат нивната раскошна елеганција секаде со себе и не се плашат да се издвојат со својот гламур дури и на среде бел ден.

D82A5788

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ наскоро на Штипка!

FWSK Day 3: Nikola Petrovski painted a story of Love

Tags

, , , ,

AD Photography; Model Ivana Geleva. My favorite piece of the line.

AD Photography; Model Ivana Geleva. My favorite piece of the line.

The third day of shows at FWSK brought the designer who is boldly following the world fashion schedule of creating one season ahead. Nikola Petrovski presented his FW 2014/15 line with a melancholic artistic view of love, intertwining the grunge vibe of the 90′s and the graphic prints of the 70′s in a contemporary line painting a landscape of emotions. Having already played the card “one step ahead” twice, and with much success, Petrovski proved that his pioneering views are more than deservingly praised design wise as well. Long flowing dresses, hand painted by the designer himself (he also does all of the tailoring and sowing on his own!) floated over the runway like a whimsical haze. Petrovski is also one of the few designers, including Irina Tosheva, that regularly offer pieces for men, this season opting for blouses and shirts in subdued hues with psychedelic elements, paired with pants and one animal print lined jacket. Cuts were simple and flowing, giving way to texture and piercing hints of colour, and in some of the men’s pieces there was a slight problem with fitting. The last piece, a long dress in rich red, was beautifully executed, but stood out from the rest of the line with its lack of detail and folkloristic cut. When it comes to men’s wear, I prefer his shirts over the blouses he presented this season. Overall, this line was a surreal tale of saudade, a nostalgic longing of a lost love with no intention of ever giving up on it. And I am certainly not giving up on Nikola Petrovski, he got my heart once again. 

More photos by Miladin Papovic Photography on Stipka

AD Photography

AD Photography

Miladin Papovic Photography

Miladin Papovic Photography

Третиот ден од Модниот викенд Скопје го донсе дизајнерот кој смело го следи светскиот моден распоред и креира една сезона напред. Никола Петровски ја претстави неговата колекција есен-зима 2014/15 со меланхоличен уметнички пристап кон љубовта, испреплетувајќи ги гранџ вибрациите на 90-тите со графичките принтови на 70-тите во една современа линија што наслика пејзаж од емоции на пистата. Бидејќи веќе два пати играше на картата „еден чекор пред сите“, и тоа со голем успех, Петровски докажа дека неговите пионерски погледи се повеќе од заслужено пофалени и во поглед на дизајнот. Долги, разлеани фустани, рачно насликани од самиот дизајнер (тој исто така сам ги крои и шие сите негови креации!) лебдеа над пистата како мистична магла. Петровски исто така е еден од ретките дизајнери, вклучувајќи ја Ирина Тошева, кои редовно нудат парчиња за мажи, овојпат избирајќи блузи и кошули во придушени тонови со психоделични елементи, во комбинација со панталони и едно сако со постава со животински принт. Кроевите беа едноставни, препуштајќи го вниманието на текстурата и продорните проблесоци боја, а во некои машки модели имаше мал проблем со фитингот. Последното парче, долг фустан во раскошна црвена боја, беше убаво скроен, но се издвојуваше од другите парчиња со фолклорниот крој и недостигот на детали. Во однос на машките парчиња, повеќе ми се допаѓаат неговите кошули отколку блузите што ги покажа овојпат. Севкупно, колекцијата е нестварна приказна за saudade, носталгичен копнеж по изгубена љубов од која немаме намера да се откажеме. А јас сигурно не се откажувам од Никола Петровски, повторно ми го освои срцето.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

See the outfit I wore to Chic Undercowear’s Show HERE

FWSK Day 3: Chic me one more time, Boban Ilievski!

Tags

, , , , ,

D82A5717

Butterflies on the runway, butterflies in our stomach. Designer Boban Ilievski who is working under the brand name Chic Undercowear dazzled the audience on the third day of FWSK with a playful line in the spirit of bohemian chic and had us on our feet with the very first model walking on the runway. His quirky fashion persona was once again conveyed through picturesque pieces that screamed with colour and pattern blocks, establishing him as one of the most daring designers who does not follow trends, but his inner creativity. The motif of the butterfly was omnipresent: in the fabric prints and the pendant necklaces, bringing a romantic niche to the line, while the striking eyewear and unconventionally worn purses carried his signature vibe: chic chic chic! Blouses with catchy printed slogans that were a success in his previous line Dynasty, were once again an eye-catcher with lines like “chic me baby one more time”. Another memorable outfit from this show would be the butterfly printed dress and a grey raincoat with the same lining. Glamour, fun and daring style were again his main traits, this time showing a more vibrant and playful side to his extraordinary talent. I absolutely can’t wait to see his pieces beaming in the streets, embraced by the women who appreciate his uninhibited fashion sense. 

AD Photography

AD Photography; Model Sara Milenkovska

Miladin Papovic Photography

Miladin Papovic Photography

More photos by Miladin Papovic Photography on Stipka

Пеперутки на писта, пеперутки во стомак. Дизајнерот Бобан Илиевски кој работи под брендот Chic Undercowear ја магепса публиката на третиот ден од Модниот викенд Скопје со неговата игрива колекција во духот на боемскиот шик и нè крена на нозе уште со првиот модел што зачекори на пистата. Неговата екцентричност повторно беше доловена преку живописни парчиња што одекнуваа со контрастни бои и дезени, етаблирајќи го како еден од најхрабрите дизајнери кој не ги следи трендовите, туку сопствената креативност. Мотивот на пеперутката беше сеприсутен, од дезенот на материјалите до ѓерданите со приврзок, внесувајќи романтична нишка во колекцијата, а впечатливите очила и чантите носени на неконвенционален начин ја пренесоа вибрацијата карактеристична за него: шик шик шик! Блузите со штосни испечатени слогани што беа хит во неговата претходна колекција Династија, повторно ѝ фатија око на публиката со натписи како “chic me baby one more time”. Исто така ќе остане запаметена креацијата на фустан со принт со пеперутки во А-линија во комбинација со сив мантил со иста таква постава. Гламурот, забавата и смелиот стил повторно беа негови главни одлики, овојпат покажувајќи една поразиграна и пошарена страна на неговиот исклучителен талент. Одвај чекам да ги видам неговите парчиња како сјаат на улиците, красејќи ги жените кои го ценат неговиот неинхибиран моден сенс.  

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

See the outfit I wore to Chic Undercowear’s Show HERE

FWSK Day 3: Revolution Now with Stefanija Naseska

Tags

, , , , , , , ,

D82A5376

Feminine! The one word I’d say to describe Stefanija Naseska’s new line. But one word is not enough, and I’m not a one word person. She hinted the Revolution with her F/W line presented at the previous FWSK, and brought it to life last night with conquering woman power, bold patterns and even more daring statements, reading “come face 2 face with the revolution” and “tête-à-tête“. Cotton structured cropped corsets, A-line dresses and high waist skirts and shorts carried the core of the sensual line, replenished with pantsuits and turbans that so charmingly reminded of Grace Kelly’s personal casual style. But what takes this line one level up is the dauntless attitude of the designer to face the fashion audience with the tacit questions regarding the making, presentation and consummation of fashion, in line with the ongoing debate on these topics in world fashion. Always concise in her concept and masterful in her craftsmanship, Naseska revealed perhaps her most cosmopolitan line yet, with ladylike silhouettes and warm, charming hand painted  patterns. The vintage 50′s vibe has held us captive throughout the show, but it was her innovative cuts and zipper clipped blazers that put her line in a contemporary context, unremittingly stirring the besotted audience. What I especially loved about Naseska’s collection was its wearable, relatable nature, which was essentially the designer’s attention: to put designer clothes in the streets, in restaurants, at casual parties, in the every-day life of the fashion-conscious woman.  Personally, I would wear every single piece of this line, feeling proud to be a woman who stands her ground.

AD Photography

AD Photography

D82A5463

More photos by Miladin Papovic Photography at STIPKA

Женствена! Така со еден збор би ја опишала новата колекција на Стефанија Насеска. Но, еден збор не е доволен, а и јас не сум човек што се изразува само со еден збор. Ја навести Револуцијата со нејзината колекција есен/зима претставена на минатиот Моден викенд Скопје, а ѝ вдахна живот синоќа со освојувачка женска моќ, храбри дезени и уште посмели изјави како „соочете се со револуцијата“ (come face 2 face with the revolution) и „лице в лице“ (tête-à-tête). Памучните структурирани кратки корсети, фустани со А-крој и здолништата и шорцевите со висок струк ја носеа сржта на колекцијата надополнета со костими со широки панталони и турбани што шармантно потсетуваа на личниот кежуал стил на Грејс Кели. Меѓутоа она што ја носи оваа колекција едно ниво погоре е непокорниот став на дизајнерката да ја соочи модната публика со премолчените прашања во врска со создавањето, претставувањето и консумирањето на модата, што е во контекст со актуелните дебати на овие теми во светската мода. Секогаш конкретна во концептот и извонредна во изработката, Насеска ја претстави, најверојатно, најкосмополитската нејзина ревија до сега, со дамски силуети и топли, шармантни рачно насликани дезени. Винтиџ струењето на 50-тите нè обземаше низ целата ревија, но иновативните кроеви и реконструираните сакоа со патенти ѝ дадоа на линијата современ контекст, постојано возбудувајќи јa опиената публика. Она што особено ми се допадна кај колекцијата на Насеска беше нејзината нослива, функционална природа, што во основа беше намерата на дизајнерката: да се стават дизајнерските парчиња на улиците, во рестораните, на забави, во секојдневниот живот на модно освестената жена. Лично, би го носела секое парче од оваа колекција, горда што сум жена која се држи до своите ставови.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

See the outfit I wore to Stefanija Naseska’s Show HERE

 

FWSK Day 3: Whole Lotta Love for Irina Tosheva

Tags

, , , , , , , , , , , , , , , ,

D82A5308 (1)

Vibrant, lovable, retro, sexy and masterful. You know who I’m talking about. Irina Tosheva did it again! Her new SS 2014 collection Cloud 9 presented last night at FWSK carried all the traits she’s famous for: youthful, wearable, inventive and impeccably designed pieces brought together in a motley of retro prints and future designs. Coherent as always, Tosheva created an exuberant line inspired by the 70′s chic translated in modern pieces for young people who stand out in the crowd (and they did give her a standing ovation!). Dresses, hot shorts, skirts, pants, jumpsuits and jackets for the ladies, and shirts and pants for the young gents, in vibrant colours and prints were as always immaculately executed. Her workmanship is no surprise for the fashion audience, but by employing a hint of chic in this line she showed a more mature, feminine side to her designs, while with the last piece we saw on the runway, the long spring coat, she cemented her place as an audience darling when it comes to impeccable tailoring. Famous for her sexy-sweet dresses (that in Cloud 9 were not her strongest pieces), this time Tosheva successfully navigated her clientele toward sophisticated wide legged shorts (that we absolutely have to wear this summer!), while the men’s t-shirt with faux collar showed how young people will be wearing funky casual in the next two seasons. Another moment worth mentioning about this line is that it is about 70 % eco-friendly, which adds to the quality of Irina Tosheva’s work, showing that she definitely does not shy away from world fashion trends. Cloud 9 is a beautiful nostalgic homage to the culturally liberated and sensual 70′s packed in a polished collection topped only by the out-of-this-world eyewear. My only slight remark would be, Irina, we want more pieces in your lines! :)

More photos by Miladin Papovic Photography at STIPKA

D82A5171 D82A5190 D82A5214 D82A5232

Разиграна, допадлива, ретро, секси и мајсторска. Знаете за кого зборувам. Ирина Тошева повторно воодушеви! Нејзината нова колекција пролет/лето 2014 Облак 9 со која се претстави синоќа на Модниот викенд Скопје ги носеше сите нејзини обележја: младешки, носливи, инвентивни и беспрекорно скроени парчиња споени во шаренило од ретро принтови и футуристички дизајн. Конзистентна како и секогаш, Тошева создаде богата колекција инспирирана од шикот на 70-тите пренесен во модерни парчиња за млади луѓе кои се издвојуваат од толпата (и кои вчера ја поздравија со овации). Колекцијата од фустани, секси шорцеви, мини-здолништа, комбинезони, панталони и јакни за дамите, и маички и панталони за младите џентлмени, во разиграни бои и принтови, како и секогаш беше совршено изработена. Нејзината изработка не беше изненадување за модната публика, но со вметнувањето доза шик во оваа линија таа покажа една позрела, поженствена страна на нејзиниот дизајн, а со последното парче што го видовме на пистата, долгата пролетна јакна, Тошева го зацементира нејзиното место на миленичка на публиката кога станува збор за безусловно добро кроење. позната по нејзините слатки секси фустанчиња (што во Облак 9 не ѝ беа најсилни парчиња), Тошева овојпат ја насочи нејзината клиентела кон софистицирани шорцеви со широки ногавици (што апсолутно мора да ги носиме летово!), а машката маичка со лажна јака покажа како момците ќе носат фанки кежуал во наредниве две сезони. Уште еден момент што секако вреди да се спомне за оваа колекција е дека е речиси 70 % еколошка, што само го надополнува квалитетот на Ирина Тошева и докажува дека таа дефинитивно не се плаши да ги следи светските модни трендови. Облак 9 е прекрасен носталгичен омаж на културно ослободените и сензуални 70-ти во една рафинирана колекција што единствено ја надминуваа очилата што беа апсолутно магични. Единствената забелешка од мене: Ирина, сакаме повеќе парчиња во твоите колекции! :)

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

 

 

MFB: With Ilina&Hristina from Dihmension Magazine

MFB: With Ilina&Hristina from Dihmension Magazine; Photo Miladin Papovic

FWSK_Day2-0967

I AM WEARING:

Blazer by Irina Tosheva Memento Mori Collection

Skirt ATAMI

Mary Jane pumps Kitten (@ Office Shoes)

Socks Sara Fashion

Belt: Bershka

T-shirt: Pevex

Necklace: Lovecat Drama by Ivana Knez

Clutch: Carpisa

Nailpolish: OPI If You Moust You Moust

FWSK Day 2: Golden Reins by Elena Luka

D82A4610

The grandeur of the Museum of the Macedonian Struggle for Sovereignty and Independence was the backdrop for Elena Luka’s new SS 2014 line titled “Golden Reins” presented last night at Fashion Weekend Skopje. The collection, true to form for the EL brand, was rather pompously announced and delivered. An array of 49 pieces in white, black and gold, accompanied with clutches and stilettos in black and gold comprised the line of corset dresses, skirts, blouses, pants and jumpsuits. A striking moment were the golden embroidered hair pieces that adorned each of the models. The motif of a strong passionate woman translated through the symbol of the horse was prevalent throughout the pieces. The overall impression was glamour and high style, although the execution in some of the pieces was rather poor: ruffles with unfinished edges and uneven corset lines did not really scream the sophistication EL aims for. Cuts and shapes, as well as the repeating gold embellished seemingly embroidered applications strikingly reminded of Dolce&Gabbana, especially their Fall 2012 Baroque line. For a SS collection I expected lighter and more flowing textures and fabrics and a pop of colour would have made wonders. A piece that caught my eye was the white short jumpsuit with plunging V wrap cleavage, worn by model Sara Milenkovska. Had the designer gone down that line, putting a more contemporary twist to the collection, I believe it would have attracted a younger audience, although this was hands down what her clientele expects from EL to deliver. 

See more photos by Miladin Papovic Photography at STIPKA

D82A4522

Раскошот на Музејот на македонската борба за независност беше сцената во која Елена Лука синоќа ја претстави нејзината најнова колекција пролет/лето 2014 насловена „Златни узди“, во рамките на Модниот викенд Скопје. Колекцијата, верна на брендот Елена Лука (EL), беше прилично помпезно најавена и прикажана. Вкупно 49 парчиња во бела, црна и златна боја, придружени со рачни чанти и салонки во црна и златна боја, ја сочинуваа колекцијата од корсет фустани, здолништа, кошули, панталони и комбинезони. Впечатлив момент беа златните везени детали за коса што ги красеа сите манекенки. Мотивот на силна, страсна жена беше пренесен преку симболот на коњот што преовладуваше низ целата колекција. Вкупниот впечаток велеше гламур и висок стил, но изработката на дел од парчињата беше прилично незадоволителна: непорабените наресени рабови и нерамните линии на корсетите не ја оддаваа софистицираноста кон која се стреми EL. Кроевите и формите, како и навидум навезаните позлатени апликации што се повторуваа низ парчињата силно потсетувааа на Долче&Габана, особено на нивната есенска Барок колекција 2012. За колекција пролет/лето очекував полелеави текстури и материјали, а внесувањето бои ќе направело чуда за оваа колекција. Едно парче што ми фати око беше белиот краток комбинезон со длабоко деколте на преклоп што го носеше моделот Сара Миленковска. Да заминела дизајнерката во оваа насока и да го внесеше овој современ момент во колекцијата, можеби ќе ја привлечеше помладата публика, иако без сомнение понуди линија каква очекува клиентелата на EL.

Повеќе фотографии на Миладин Паповиќ видете на ШТИПКА

1973367_384552195007005_398295795_o

D82A4888

Black & White! With Natalija Terzijoska, Project Manager at FWSK

Black & White! With Natalija Terzijoska, Project Manager at FWSK

AM AM WEARING: Corset dress from Atelier Kokev Salon Collection

Blazer by Irina Tosheva Memento Mori Collection

Hair and make up: Excite Styling

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 104 other followers