Минатата година ја заокружив на најкреативен можен начин: дружба со колешките модни блогерки во соработка со центарот за креативни курсеви Кариера плус и Модел ТВ. Девојките од модните блогови Fashion Lab DNA,Aesthethics Illustrated, Miss Urban Vibes, Shy but secretly fabulous и Fabulous is freedom на свој начин ги стилизираа креациите на дизајнерките Ирина Тошева и Лидија Живковиќ за фотосесијата што беше вистинско уживање. За мојата шминка беше задолжена Златица Поповска која не само што успеа да ми го „разбуди“ лицето (имав температура баш на денот на снимањето) туку ми покажа еден малку посмел изглед за мене со драматична шминка на очите што искрено многу ми се допадна. За мојот стајлинг избрав кошула и капут на Тошева во комбинација со винтиџ црни фармерки, салонки и плик ташна. Овој капут го засакав од првиот пат кога го видов на пистата на ревијата за колекцијата Memento Mori на Тошева. Сега можам со задоволство да кажам дека ова уникатно парче е дел од мојата дизајнерска збирка. Многу сме среќни заедно 🙂
Деталите околу снимањето, со фото и видео може да ги видите тука и тука, а ова се финалните фотографии и моите размислувања на темата: Кариера во модата како моден блогер.
Зошто моден блог?
-Мoдниoт блoг беше сoвршенaтa кoмбинaцијa нa мoите интереси: мoдaтa и пишувaњетo. Иaкo сметaм декa личниoт стил требa дa збoрувa сaм зa себе, oкoлу негo имa мнoгу фaктoри зa кoи требa дa се збoрувa и дa се пишувa, дa се oтвoрa дијaлoг, дa се дискутирa. Мoдaтa зa мене е фaсцинaнтнa кaкo процес, a мoднoтo блoгирaње е еднa oд нaјнoвите фaзи нa тoј прoцес и милo ми е штo сум еднa oд првите вo земјава штo гo стaвијa вo движење.
Колку ги следите модните трендови а колку инсистирате на личното модно убедување?
-Трендовите се дел од модната индустрија, а модниот блог е прилично индивидуален формат. Сметам дека голем дел од привилегијата да кажеш дека имаш изграден стил е независноста од минливоста на трендовите. Тие секако влијаат, повеќе или помалку, и може да добијат некаква интерпретација низ личниот стил, но во никој случај, барем не кај мене, не го менуваат. На трендовите гледам како на сите други влијанија од средината, преку уметноста, музиката, филмовите, книгите, медиумите. Трендот кај нас има добиено негативен контекст бидејќи се доживува како правило, а не како предлог.
sovrsen izgled! Sminkata e fenomenalna!