Tags

, , , ,

Поканата на Авон да снимам видеотуторијал за шминкање беше голем предизвик што го прифатив со задоволство. Темата беше пролетна шминка и јас избрав да претставам вечерен пролетен изглед со смели бои. Ова беше едно ново искуство за мене низ кое научив многу и ме охрабри постојано да си поставувам предизвици во мојата работа. Снимањето беше многу забавно и се надевам дека моите совети за шминка ќе ви помогнат. Минатата недела заедно со колешките блогерки и други ентузијасти за шминка и козметика учествував на работилница за убавина и декоративна козметика во организација на Авон на која докажаните стилисти и мејкап артисти Цаци Паковска и Магдалена Медичи ги споделија своите тајни и трикови во шминкањето. По завршувањето на целодневната работилница во „Нано бар“ на која научив многу за основите на шминкањето и мали трикови што треба да ги знае секоја девојка, сите 40-тина учеснички добивме сертификати за успешно завршена обука.

_B2C2266

Магдалена Медичи покажува основи на шминка

 

„Ова е ретка можност во Македонија да се предава на работилница за млади. „Авон“ се покажа како одличен иницијатор на настани од ваков тип, фокусирани на едукација на полупрофесионални и професионални шминкери и модни блогери. Презентирав дел од светските модни трендови и техники во шминкањето кои јас ги користам, кои се дел од мојот професионален идентитет и по кои луѓето ме препознаваат“, истакна Магдалена Медичи.

_B2C2093

Би сакала да испратам специјална благодарност до Тања Рибарска која ми дозволи да употребам нејзина оригинална музика во видеото што совршено се вклопи со темата. Следете го нејзиниот профил на Фејсбук Ribarska.