Синоќа со големо задоволство ја прифатив поканата за свеченото отворање на бутикот на шпанскиот бренд Ада Гати во ГТЦ во Скопје. Знаете дека обожавам шаренило од бои и дезени, па новата колекција пролет-лето 2015 за мене беше вистинско уживање. Традиционалната сангрија придонесе за веселиот амбиент на отворањето каде заедно со Мирјана се дружевме со прекрасните колешки од Стилист.мк. Под мотото „Да ја облечеме урбаната и модерна жена“ брендот Ada Gatti нуди колоритни и впечатливи парчиња за професионални жени од 25 до 50 години. Просторот е пријатен и доволно простран, а неоспорен е квалитетот на брендот што е дел од групацијата Fashion Import со 20-годишна традиција. Македонскиот огранок на брендот може да го следите на Фејсбук профилот Ada Gatti Macedonia, a моите фаворити од новата колекција ќе ги видите наскоро на блогот.
Фото: Мирјана Недева


One thought on “Во шаренилото на шпанскиот бренд Ада Гати”