Tags

, , ,

Со дизајнерката Тања Кокев

Со дизајнерката Тања Кокев   

На мое огромно задоволство синоќа присуствував на отворањето на новиот работен и продажен салон на дизајнерката Тања Кокев. Новото ателје повторно е во нејзин стил: романтично и елегантно, но со нова енергија што зрачи од цветните дезени и пријатната атмосфера што струи во пространиот простор. Кокев сама го уредила просторот што е продолжение на нејзината дизајнерска естетика и е место што ја буди женственоста. Дури и да не сте девојка или жена која сонува да биде принцеза на еден ден, кога ќе влезете внатре ќе посакате цел ден да се облекувате во нејзините креации. Со нетрпение ја очекувам нејзината нова колекција напролет. Повеќе фотографии од отворањето може да видите на Pixel.mk.

_MND1350WHAT I WORE: кошула: H&M; здолниште: АТАМИ; чанта: винтиџ футрола за фотоапарат; ремен: винтиџ;

_MND1334 _MND1398 _MND1401 _MND1403 _MND1407ФОТО: МИРЈАНА НЕДЕВА