Октомври. Месец на новата сезона на Моден викенд Скопје. Месец на подигнување на свеста за борбата против рак на дојка. Месец на промени. Кога ги посетив моите пријателки во Nail Bar Jasmine и разговаравме за новите есенски трендови за маникир решивме да направиме нешто што ќе ми одговара во овој бурен месец кога нема да имам време за маникир на секои 4-5 дена, нешто во боите на есента и нешто што ќе биде симболично за поддршка на женското здравје. Се одлучив за мојата заштитна боја, црвена, со интересни рачно насликани дезени (девојките се надминаа!) и панделка, симболот на борбата против рак на дојка. Барем ноктите ми се подготвени за Моден викенд 🙂 А за тоа повеќе во утрешниот пост.
Фото: Д. Перковски
Ти Благодариме на довербата и одвоеното време. Се надевам ќе се сретнеме повторно набрзо 🙂
Секако 🙂 Веќе имам идеја за следниот пат.