Поканата за промоцијата на новите парфеми на Живанши и Трусарди ја прифатив со задоволство и возбуда. Која жена не е опседната со парфеми? Сакаме сè во врска со нив: заносниот мирис, спомените поврзани со него, дизајнот на шишенцето, самодовербата што ни ја дава препознатливиот парфем, чувството на луксуз кога поседувате брендирано парче… А овие парфеми се сето тоа и повеќе. Нежниот, свеж мирис на My Name на Трусарди го крева расположението и го разведрува и најмрачниот есенски ден, а Dahlia Divin е сензуален парфем со слатка нота што освојува на прво вдишување. Иако ми повеќе ми се допаѓа визуелниот момент на парфемот на Трусарди, од шишенцето до фантастичната рекламна кампања, за мојот сензибилитет повеќе прилега Dahlia Divin, чие заштитно лице е прекрасната Алиша Киз. Вечерта ја поминав во пријатното друштво на Ана и Катерина од модниот портал Stylist.mk и уживавме во пуштањето на лебдечките фенери кон небото над Скопје што беше само дел од елегантниот коктел во Вила Веранда со поглед на градот од кој застанува здивот. За овој настан избрав винтиџ црна чипкана кошула и темносино pencil здолниште, црни високи потпетици со лакирани детали и лакирана плик ташна, а ѓерданот со везани монистра е дело на Анита од Ani Jewelry Designs.
Повеќе информации за парфемите и фотографии од настанот тука.