Знаете дека сум голем љубител на „оживување“ на стари парчиња облека. Со мали корекции може да го имате најоригиналниот фустан, кошула или здолниште, а во овој случај, со малку повеќе умешност: летен корсет. Ако не сте многу вешти во шиење, побарајте помош од професионална шивачка, сигурна сум дека ќе ве фати многу поевтино отколку да го купите нов, а и задоволството е поголемо! Една пријателка ми ја прати прво фотографијата подолу, а потоа веднаш заглавив во пребарување на DIY туторијали за да ви дадам неколку идеи. Долната облека со мали измени и детали е одлично секси парче за лето, посебно за вечерни излегувања, во комбинација со сако. Одвај чекам да пробам едно од овие и да ви го покажам резултатот. Ако сте побрзи од мене, пратете ми фотографии од вашето дело во коментари или на Фејсбук профилот на Александрина Везилка.
ОВОЈ видео туторијал е апсолутно фантастичен!

