Tags

, , , , , , ,

Nail-Bar-Jasmine-4

Дружбите меѓу модните блогерки се најинтересни кога заедно одиме да се разубавуваме. Со имењачката од блогот Alexandra in Wonderland уживавме во Nail Bar Jasmine во Vero Center каде паднаа и сочни модни озборувања додека девојките ни ги средуваа ноктите. За мене ноктите се важен дел од вкупниот изглед и сметам дека ако една девојка има средени веѓи, коса и нокти, изгледа прекрасно без многу да се дотерува. Плус, лакирањето ми е омилена забава со пријателките и уште еден начин за изразување на креативноста.

Nail-Bar-Jasmine-1 Nail-Bar-Jasmine-2 Nail-Bar-Jasmine-3 Nail-Bar-Jasmine-5

Овојпат решив да им ја препуштам работата на професионалци. Имам негувани нокти (и вработените во Jasmine ми ги пофалија🙂 ) и секогаш ги носам со најмалку средна должина, но овој период имам премногу обврски и сакав да направам маникир што ќе ми трае подолго време и ќе ми одговара на повеќе летни комбинации. Бидејќи немам потреба од надградба на нокти се одлучив за основен маникир со гел лак Magnetic во свежа црвена боја прошарана со суптилни светки и рачно нацртан дезен на два нокта со акрилни бои. Крајниот резултат е женствен, уметнички маникир што мене ме потсети на мојата омилена Фрида Кало и знам дека во следниве три-четири недели ќе имам прекрасно средени нокти во секое време. Девојките од Jasmine се супер услужливи, внимателни и креативни и топло препорачувам да поминете таму еден час со најдобрата пријателка и потоа да ги прошетате новите нокти на кафе. Посакав да не ги скратев моите пред една недела кога видов какви чуда ѝ направија на ноктите на Александра😉 Сигурна сум дека сакате да го видите и нејзиниот маникир, па посетете го нејзиниот блог ТУКА

Nail-Bar-Jasmine-6

Girls just wanna have fun...in the Nail Bar!

Girls just wanna have fun…in the Nail Bar!