Tags

, , , , ,

Si_Grmam_Sina

Веќе знаете колку ги сакам маичките Омајгад што за релативно кратко време станаа статусен симбол на креативните, ведри, откачени, слободоумни, кул млади луѓе во Скопје (и пошироко!) и омилениот one man brand што стои зад него-Гоце Велески. На мое огромно задоволство Омајгад приказната ( потсетете се тука и тука) продолжува утре, 13 јуни, на добро познатата локација за премиера и изложување кретивни идеи, Концепт 37. Од 20 часот ќе почне промоцијата на “Кирилицата што се носи 2.0” и ќе танцуваме на задолжително одличниот музички избор на Game Over. Трите нови дизајни „Си грмам“, „Шо мајка ти?“ и логото на Омајгад повторно ја доловуваат младешката духовитост и духот на современите генерации, што ги прават Омајгад маичките вистински симбол на нашето време. Одвај чекам да си ја подновам мојата Омајгад колекција.

Три пати УРА за Омајгад и се гледаме утре🙂

So_Majkati_Zolta Usta_Zelena