Антонија Ристовска: Свеж ентузијазам и докажан квалитет за 20-годишниот јубилеј

Остава без здив: Маја Ристевска блесна на пистата
Остава без здив: Маја Ристевска блесна на пистата специјално за јубилејот на дизајнерката

Македонската дизајнерка Антонија Ристовска прослави 20 години на модната сцена со ревија за најновата колекција пролет/лето 2014 што се одржа завчеравечер на терасата на трговскиот центар Капитол. Можеби тоа не беше баш најсреќен избор на локација за еден вака монументален настан во нејзината кариера и недоследен на елегантната срж што ги карактеризира нејзините креации, но смелоста во нејзиниот израз во најновата колекција ѝ помогна на публиката да се фокусира на пистата, а не на околината. Колекцијата Art en Deco јасно водена од архитектонскиот правец арт деко покажа една нова, похрабра страна на дизајнерката која иако низ претходните колекции има докажано дека не се плаши да експериментира, за 20-годишнината покажа дух и ентузијазам на млад креативец споени со нејзиното неоспорно искуство и мајсторство во изработката. 

D82A7730

D82A7620

Архитектонските моменти беа вметнати преку рачно изработени и нашивани концентрични геометриски апликации, па дури и коцки на женствените фустани, здолништа, панталони и горни парчиња, доловувајќи ја на тој начин тродимензионалната длабочина на архитектурата врз меката женска силуета. Дизајнерката избрала да ја пренесе архитектурата преку детали, наместо преку кројот, останувајќи доследна на нејзиниот сензуален стил. Моделите со панталони уште еднаш докажаа дека Ристовска е неспоредлива кога станува збор за ова модно парче, избирајќи ги најдобрите тешки ткаенини токму за овие креации, додека некои од парчињата беа изработени од значително потенки и потранспарентни материјали што според мене го намалија впечатокот на квалитетната идеја и изработка. Неколку модели од ласерски обработен материјал со цветен мотив ја нагласија нежната романтична страна на дизајнерката без која не може да помине нејзина колекција. Брендираниот накит и копчиња со потпис на дизајнерката внесоа отменост и го симболизираа 20-годишниот квалитет на дизајнерката. Колекцијата изработена од жоржет, шифон, тенка свила, француски тул и висококвалитетен мат сатен за 3Д формите, отвори со неколку футуристички инспирирани креации во нежни пастелни бои, храбар чекор на дизајнерката што, како и самата кажа по ревијата, ја води кон новото време и нови предизвици, па постепено премина кон скулптурните eлегантни креации, меѓу кои коктел и вечерни фустани, во кои преовладуваше белата боја, но и поладните тонови на маслинесто зелена, сива и црна, како и една раскошна венчаница, што несомнено изјавија: Ова е Антонија Ристовска. 

D82A7752 D82A7815

D82A7700

Со оваа колекција Ристовска заокружи еден креативен циклус со свежо навестување дека во неа има жар за уште дизајнерски предизвици, потврдувајќи им на нејзините клиентки кои дојдоа да го прослават со неа овој јубилеј, зошто се верни на нејзиното дело. За мене неспоредлива во нејзиниот досегашен опус ќе остане колекцијата пролет/лето 2013 Equilibrium инспирирана од елегантната филмска дива Грејс Кели. Новата колекција е достапна во нејзиното Ателје Антонија.

ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ НА Miladin Papovik Photography НАСКОРО НА ШТИПКА

Кошула Vero Moda; Здолниште handmade; Појас vintage; Ташна Moa Baggeek
Кошула Vero Moda; Здолниште handmade; Појас vintage; Ташна Moa Baggeek

Leave a comment