Официјално, креативното студио ПРЕПЛЕТ на Магдалена и Викторија слави една година, иако се малку поодамна влезени во нашите срца. Со роденденска забава и продажна изложба на новата колекција пролет/лето 2014 ПРЕПЛЕТ утре, на 16 април, ќе прослави една година во кафулето Concept 37 што веќе стана редовна дестинација за ултра кул креативни настани во Скопје. Иновативните роденденски покани на Магдалена и Викторија просто повикуваат на забава и одвај чекам да го отворам моето пакетче со конфети и во 20 часот да прославам заедно со нив. Веќе се подновив со еден „беџ со став“ од нивната колекција и не можам да се донарадувам на нивните дизајни и инспиративни мисли испишани на македонски јазик. Нивните дела за мене пополнија една празнина во тој поглед и поттикнаа други креативци да продолжат во таа насока, секој со своите идеи и вкусови.
Се гледаме на роденден! 🙂
One thought on “Преплет слави роденден!”