Tags

, , , , , , , , , , , ,

D82A6557

Powerful symbolism and thoroughly thought through  presentation are his trademarks. In his latest SS 2014 line Wounded presented at Fashion Weekend Skopje, Robert Ivanovski shifted the boundaries between the artistic and the functional dimension of fashion, presenting pieces that carried the intense dramatic insignia he is famous for, successfully mixed with clean, structured wearable silhouettes. Ivanovski presented Wounded in a performance, a smart choice given the composition of the line, counterpointing the purity of white with the intensity of red, both symbolic in their own merit. Sculptured corsets, pencil skirts, shorts and peplum tops for women, and shorts, pants, vest and a shirt for men made from natural fabrics and eco-leather comprised the “blood stained” line that was unequivocally inspired by the immense suffering of innocent people brought by wars, intensified with the appearance of two children in the performance, wearing designs echoing the overall collection. This moment was perhaps a tad too dramatic, but it served its purpose, building a haunting imagery that the designer intended to paint. After his previous SS collection when he presented extremely wearable pieces, unlike his previous designs that bordered artistic stage designs, this time Ivanovski made the perfect symbiosis where he stayed true to his designer expression, but delivered a functional line. If some people think he crossed the red line, then they definitely don’t belong in his target clientele: daring, avant-garde individuals with liberated fashion sense aiming to leave a mark and tell a story with their wardrobe.

More photos by Miladin Papovic Photography coming soon on Stipka

D82A6615 D82A6650

Моќна симболика и темелно осмислена презентација се неговите заштитни знаци. Во неговата најнова колекција пролет/лето 2014 претставена на Модниот викенд Скопје насловена Ранети Роберт Ивановски ги помести границите на уметничката и функционалната димензија на модата, претставувајќи парчиња што го носеа интензивниот драматичен печат по кој е познат, успешно помешан со чисти, структурни, носливи силуети. Ивановски ја понуди Wounded преку перфоманс, што беше паметен потег имајќи ја предвид композицијата на линијата, ставајќи ги во контрапункт невиноста на белината со интензитетот на црвенилото, симболични сами по себе. Скулптурни корсети, pencil здолништа, шорцеви и пеплум горни парчиња за жените, како и шорцеви, панталони, елек и кошула за мажите од еко-кожа и природни ткаенини ја сочинуваа „крвавата“ колекција недвосмислено инспирирана од огромното страдање на невините луѓе што го носат војните, засилено со појавувањето на две деца во перформансот облечени во креации што ја одгласуваа целата колекција. Овој момент можеби беше предраматичен, но ја постигна целта: да го создаде привидот што обзема кој дизајнерот сакал да го наслика. По неговата претходна колекција пролет/лето кога претстави исклучително носливи парчиња, за разлика од неговите претходни креации што граничеа со уметничка сценска облека, овојпат Ивановски создаде совршена симбиоза: останувајќи верен на неговиот дизајнерски израз, понуди функционална линија. Ако некој смета дека Ивановски ја премина црвената линија, тогаш не припаѓа на неговата таргет клиентела: смели, авангардни индивидуалци со ослободен моден сенс кои сакаат да остават трага и да раскажат приказна преку нивната гардероба.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ наскоро на Штипка!

irina tosheva memnto mori aleksandrina vezilka carpisa clutch opi nailpolish

irina tosheva memento mori aleksandrina vezilka opi

I AM WEARING: Corset top & Blazer by Irina Tosheva Memento Mori Collection

Transparent skirt: Handmade

Clutch: Carpisa