Tags

, , , , , , , ,

D82A6057

When fashion invites you to brunch, you dress up in your finest and take the invitation gracefully. And the invitation by Mila Kadriu to take the audience to a Fashion Brunch was too good to pass, so the weather decided to play along, too. On the fourth day of shows at Fashion Weekend Skopje, the dazzling colours of spring and the summer breeze walked on the catwalk placed in the surreal romantic setting of Horti Expert Garden Center. Kadriu presented her new line of 26 pieces, tops, long skirts and fairy tale dresses, bearing the heralds of nature’s awakening and bloom, bound with elements of the Orient that the designer is infatuated with since her last line. Rich patterns, delicate lace and playful details were dominant in the pieces with a lighter cut and silhouette, showing a more gentle facet of Kadriu, who is generally more strict in her form and uses more dominant symbolism in her work. It was refreshing to see her exhilarate her designs, although I must note that some pieces were still a bit strong for the sun bathed atmosphere, but I can imagine them glowing in a romantic summer night. The core inspiration of light elegance lingered throughout the line, although there was a bit incoherent mixture of motifs (I sense the designer is still heavily impressed by the splendor of India, and I would have loved to see her tame that opulence, having decided to present a lighter line). Having said that, I am far from not being impressed by the line that is true to form to her work and I can see some of the pieces worn on a garden brunch by women who want to bring their sumptuous elegance everywhere they go and are not afraid to stand out with all their glamour even in broad daylight. 

AD Photography

AD Photography

D82A5985

More photos by Miladin Papovic Photography coming soon on Stipka

Кога модата ќе ве покани на бранч, се дотерувате во најубавите парчиња и грациозно ја прифаќате поканата. А поканата на Мила Кадриу да ја одведе публиката на Моден бранч беше премногу добра за да се одбие, па и времето реши да соработува со неа. На четвртиот ден од Модниот викенд Скопје, блескавите бои на пролетта и летното ветре прошетаа на пистата поставена во надреалната романтична атмосфера на гарден центарот Хорти експерт. Кадриу ја претстави новата линија од 26 модели, горни делови, здолништа и бајковидни фустани, што ги носеа предвесниците на будењето и цутот на природата, врзани со елементите на Ориентот што ја воодушевуваат дизајнерката уште од создавањето на нејзината претходна колекција. Богати дезени, деликатна тантела и разиграни детали беа доминантните елементи на парчињата со полесен крој и силуета, покажувајќи една понежна страна на Кадриу која генерално е построга во формата и користи подоминантен симболизам во нејзината работа. Беше вистинско освежување да се види како ги разиграла нејзините креации, иако мора да забележам дека некои од парчињата беа премногу смели за денот облеан во сонце, но можам да замислам како би блеснале во летна романтична ноќ. Суштинската инспирација на лесна елеганција провејуваше низ колекцијата, иако имаше мала недоследност во мешавината на мотиви (Имам чувство дека дизајнерката е уште под силни импресии на раскошот на Индија и сакав да видам како ќе го скроти тоа изобилие кога веќе одлучи да претстави посвежа линија). Покрај тоа, сепак далеку од тоа дека не сум импресионирана од линијата што е доследна на нејзината работа и можам лесно да замислам дел од креациите на бранч во градина, на жени кои сакаат да ја носат нивната раскошна елеганција секаде со себе и не се плашат да се издвојат со својот гламур дури и на среде бел ден.

D82A5788

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ наскоро на Штипка!