Tags

, , , ,

AD Photography; Model Ivana Geleva. My favorite piece of the line.

AD Photography; Model Ivana Geleva. My favorite piece of the line.

The third day of shows at FWSK brought the designer who is boldly following the world fashion schedule of creating one season ahead. Nikola Petrovski presented his FW 2014/15 line with a melancholic artistic view of love, intertwining the grunge vibe of the 90’s and the graphic prints of the 70’s in a contemporary line painting a landscape of emotions. Having already played the card “one step ahead” twice, and with much success, Petrovski proved that his pioneering views are more than deservingly praised design wise as well. Long flowing dresses, hand painted by the designer himself (he also does all of the tailoring and sowing on his own!) floated over the runway like a whimsical haze. Petrovski is also one of the few designers, including Irina Tosheva, that regularly offer pieces for men, this season opting for blouses and shirts in subdued hues with psychedelic elements, paired with pants and one animal print lined jacket. Cuts were simple and flowing, giving way to texture and piercing hints of colour, and in some of the men’s pieces there was a slight problem with fitting. The last piece, a long dress in rich red, was beautifully executed, but stood out from the rest of the line with its lack of detail and folkloristic cut. When it comes to men’s wear, I prefer his shirts over the blouses he presented this season. Overall, this line was a surreal tale of saudade, a nostalgic longing of a lost love with no intention of ever giving up on it. And I am certainly not giving up on Nikola Petrovski, he got my heart once again. 

More photos by Miladin Papovic Photography on Stipka

AD Photography

AD Photography

Miladin Papovic Photography

Miladin Papovic Photography

Третиот ден од Модниот викенд Скопје го донсе дизајнерот кој смело го следи светскиот моден распоред и креира една сезона напред. Никола Петровски ја претстави неговата колекција есен-зима 2014/15 со меланхоличен уметнички пристап кон љубовта, испреплетувајќи ги гранџ вибрациите на 90-тите со графичките принтови на 70-тите во една современа линија што наслика пејзаж од емоции на пистата. Бидејќи веќе два пати играше на картата „еден чекор пред сите“, и тоа со голем успех, Петровски докажа дека неговите пионерски погледи се повеќе од заслужено пофалени и во поглед на дизајнот. Долги, разлеани фустани, рачно насликани од самиот дизајнер (тој исто така сам ги крои и шие сите негови креации!) лебдеа над пистата како мистична магла. Петровски исто така е еден од ретките дизајнери, вклучувајќи ја Ирина Тошева, кои редовно нудат парчиња за мажи, овојпат избирајќи блузи и кошули во придушени тонови со психоделични елементи, во комбинација со панталони и едно сако со постава со животински принт. Кроевите беа едноставни, препуштајќи го вниманието на текстурата и продорните проблесоци боја, а во некои машки модели имаше мал проблем со фитингот. Последното парче, долг фустан во раскошна црвена боја, беше убаво скроен, но се издвојуваше од другите парчиња со фолклорниот крој и недостигот на детали. Во однос на машките парчиња, повеќе ми се допаѓаат неговите кошули отколку блузите што ги покажа овојпат. Севкупно, колекцијата е нестварна приказна за saudade, носталгичен копнеж по изгубена љубов од која немаме намера да се откажеме. А јас сигурно не се откажувам од Никола Петровски, повторно ми го освои срцето.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

See the outfit I wore to Chic Undercowear’s Show HERE