Tags

, , , , , , , ,

D82A5376

Feminine! The one word I’d say to describe Stefanija Naseska’s new line. But one word is not enough, and I’m not a one word person. She hinted the Revolution with her F/W line presented at the previous FWSK, and brought it to life last night with conquering woman power, bold patterns and even more daring statements, reading “come face 2 face with the revolution” and “tête-à-tête“. Cotton structured cropped corsets, A-line dresses and high waist skirts and shorts carried the core of the sensual line, replenished with pantsuits and turbans that so charmingly reminded of Grace Kelly’s personal casual style. But what takes this line one level up is the dauntless attitude of the designer to face the fashion audience with the tacit questions regarding the making, presentation and consummation of fashion, in line with the ongoing debate on these topics in world fashion. Always concise in her concept and masterful in her craftsmanship, Naseska revealed perhaps her most cosmopolitan line yet, with ladylike silhouettes and warm, charming hand painted  patterns. The vintage 50’s vibe has held us captive throughout the show, but it was her innovative cuts and zipper clipped blazers that put her line in a contemporary context, unremittingly stirring the besotted audience. What I especially loved about Naseska’s collection was its wearable, relatable nature, which was essentially the designer’s attention: to put designer clothes in the streets, in restaurants, at casual parties, in the every-day life of the fashion-conscious woman.  Personally, I would wear every single piece of this line, feeling proud to be a woman who stands her ground.

AD Photography

AD Photography

D82A5463

More photos by Miladin Papovic Photography at STIPKA

Женствена! Така со еден збор би ја опишала новата колекција на Стефанија Насеска. Но, еден збор не е доволен, а и јас не сум човек што се изразува само со еден збор. Ја навести Револуцијата со нејзината колекција есен/зима претставена на минатиот Моден викенд Скопје, а ѝ вдахна живот синоќа со освојувачка женска моќ, храбри дезени и уште посмели изјави како „соочете се со револуцијата“ (come face 2 face with the revolution) и „лице в лице“ (tête-à-tête). Памучните структурирани кратки корсети, фустани со А-крој и здолништата и шорцевите со висок струк ја носеа сржта на колекцијата надополнета со костими со широки панталони и турбани што шармантно потсетуваа на личниот кежуал стил на Грејс Кели. Меѓутоа она што ја носи оваа колекција едно ниво погоре е непокорниот став на дизајнерката да ја соочи модната публика со премолчените прашања во врска со создавањето, претставувањето и консумирањето на модата, што е во контекст со актуелните дебати на овие теми во светската мода. Секогаш конкретна во концептот и извонредна во изработката, Насеска ја претстави, најверојатно, најкосмополитската нејзина ревија до сега, со дамски силуети и топли, шармантни рачно насликани дезени. Винтиџ струењето на 50-тите нè обземаше низ целата ревија, но иновативните кроеви и реконструираните сакоа со патенти ѝ дадоа на линијата современ контекст, постојано возбудувајќи јa опиената публика. Она што особено ми се допадна кај колекцијата на Насеска беше нејзината нослива, функционална природа, што во основа беше намерата на дизајнерката: да се стават дизајнерските парчиња на улиците, во рестораните, на забави, во секојдневниот живот на модно освестената жена. Лично, би го носела секое парче од оваа колекција, горда што сум жена која се држи до своите ставови.

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

See the outfit I wore to Stefanija Naseska’s Show HERE