Tags

, , , , , ,

D82A4377

It’s a tale as old as time. The tale of love and believing, of hope and achieving. And they did it all. The two amazingly vivacious and talented designers behind the brand Hard To Explain, Katerina Popeva and Marija Dacevska told their fashion fable with the performance Storyteller that officially opened the 9. Fashion Weekend Skopje. In the smooth spring breeze and before an excited fashion audience, models strutted in front of the brand’s atelier in the Old Bazaar, their footsteps echoing from the centuries old cobble street. A true flesh and blood Storyteller led us through the collection that the designers envisioned as the tale of Skopje, but I experienced it as the tale of the Skopje woman. Futuristic cuts blended with traditional netting techniques in truly timeless pieces that transcribed the woman in all of her shapes and roles through times, all of her states of mind and spirit: both a delicate innocent flower and a fierce, fearless warrior; a coy maiden and a passionate lover; a woman fully aware of her feminine and cultural ancestry that looks towards the future with eyes wide open, ready to conquer new worlds not only with her beauty, but also with her inspiring spirit. Warm pastel shades of purple, green, cream, brown, blue and grey were shaped into detailed asymmetric skirts and dresses, and classical and unusual corsets and cropped tops, as well as intricate details, some of which take weeks to create. Showstoppers were the patchwork dress and the green cleavage revealing corset, as well as the lampshade mini skirt. The audience admired and sighed at the heeled and flat sandals designed to accompany this collection, as well as at the unique bags, purses and clutches, as well as jewelry.

Both designers envisioned and conveyed their fashion story to full extent and to great delight to the audience that cheered at the finale, thrilled and delighted to see such a passionate and inspiring opening of a new fashion season.  This collection is a story inspired by people, for the people, but a story brought to life through an immense friendship and collaboration, as Marija herself said after the show. She added, tears of joy in her eyes, holding one of her friends in her arms, that she was happy to see the energy, laughter and support of their friends present in the making of the line transcending in the resulting pieces and the way people welcomed the collection.

D82A4370

Ова е исконска приказна. Приказна за љубовта и верувањето, за надежта и остварувањето. А тие го направија сето тоа. Двете неверојатно енергични и талентирани дизајнерки зад брендот Hard To Explain, Катерина Попева и Марија Дацевска ја раскажаа нивната модна приказна преку перформансот „Раскажувачот“ со кој официјално отвори ревијалниот дел на 9. Моден викенд Скопје. Среде пријатното пролетно ветре и пред возбудената модна публика моделите продефилираа пред ателјето на брендот во Старата скопска чаршија, а нивните чекори одекнуваа од вековната калдрма. Вистински Раскажувач не поведе низ колекцијата што дизајнерките ја осмислиле како приказна за Скопје, но јас ја доживеав како приказна за скопската жена. Футуристичките кроеви се слеваа со традиционалните и експерименталните техники на плетење мрежи во парчиња што ја доловија жената во сите нејзини облици и улоги низ времињата, сите нејзини состојби на умот и духот: нежен, невин цвет и дива, бестрашна жена-борец; срамежлива девојка и страстна љубовница, жена потполно свесна за нејзината женска и културна оставнина која гледа кон иднината со ширум отворени очи, подготвена да освојува нови светови, не само со нејзината убавина, туку и со нејзиниот инспиративен дух. Топлите пастелни нијанси на виолетова, зелена, кремава, кафеава, сина и сива боја беа обликувани во детални асиметрични здолништа и фустани и класични и необични корсети и горни парчиња со разголена половина, како и деликатни елементи од мрежа што се изработуваат и по неколку недели. Парчињата што на сите им фатија око беа фустанот изработен во patchwork техника и зелениот корсет со секси отвор на деколтето, како и миниздолништето во форма на абажур. Публиката се восхитуваше и воздивнуваше по сандалите, рамни и на висока потпетица, дизајнирани да ја надополнат колекцијата, заедно со уникатните чанти и накит во најразлични форми и модели.

И двете дизајнерки ја обмислија и пренесоа нивната модна приказна во секој аспект и на огромно задоволство на публиката што го поздрави финалето со аплауз и извици на среќа, возбудена и воодушевена што виде едно страстно и инспиративно отворање на новата модна сезона. Колекцијата е приказна инспирирана од луѓето, за луѓето, но исто така приказна на која живот ѝ вдахна бескрајното пријателство и соработка, рече Марија по ревијата. Таа додаде, со солзи радосници светнати во очите и во прегратка со една пријателка, дека е среќна што енергијата, смеата и поддршката на нивните пријатели со кои се создаваше оваа колекција се пренела на парчињата од колекцијата и во начинот на кој луѓето ја доживеаја.

Повеќе фотографии на Миладин Паповиќ видете на ШТИПКА

APS_4322 APS_4310

I AM WEARING: Dress Hard To Explain Autumn/Winter 2013/2014 Collection

Necklace and bracelet Drama by Ivana Knez

QuickClutch by Moa Baggeek