И Скопје беше радост синоќа во Концепт 37. Колективот што создава „кирилица што се носи“ направи чекор напред во поглед на иновативноста и дизајнот со новата колекција „Омајгад за Скопје, со љубов“ на големо задоволство на верните следбеници на овој бренд. По оваа колекција сигурна сум дека ќе има уште многу повеќе. Креативната сила зад овој бренд, Гоце Велески (моето интервју со него може да го прочитате ТУКА), заедно со графичкиот дизајнер Иван Петрушевски- Флим направија серија маички со принт како еден вид омаж за градот што сите го сакаме. Со натписите “Скопјеа“ и “Скопје радос ти ќе бидеш“ ја разбудија носталгијата за некое минато време и истовремено ја поттикнаа љубовта кон сè она што сакаме да биде Скопје, за оние што се родени во овој град и оние како мене што го чувствуваат Скопје како свој град. Купот со маички се намалуваше како што растеше атмосферата во Концепт 37: убава музика, убави луѓе и уште поубави дружби. Продажбата на ограничената колекција продолжува на Фејсбук страната Омајгад преку нарачки во инбокс. Многу љубов од мене, зошто и Везилка е ОМАЈГАД!

One thought on “#Омајгад Strikes Again!”