Tags

, , , , , , , , , , , , , , ,

DSC_0047as (1)

It was love at first sight. I fell in love with her colourful beads, she fell in love with my verses. We were both telling stories about love, hope, strength, patience, lust, dreams… One embroidering beads, the other one words. And we share the same love and passion about the beautiful, the old, the stylish. It was immediately clear we need to join forces and weave in a story we both share, to make an embroidery of beads and words. And so the project Two Embroiderers (Dve Vezilki) was born. 

Untitled-2

Anita Nestorovska is one talented woman. Every single one of her necklaces  tells a new different story, with each bead representing a word in the colourful passionate tale. It’s a meticulous task, but she enjoys it. Bead embroidery is an old technique and very few artisans still use it. Knowing that there are tens of hours of painstaking work employed in every single one of these necklaces makes you feel like a queen wearing it.

Untitled-1g

She is inspired by many different styles: oriental, rustic, renaissance, Gothic, hippie… but for this project the creative team chose six looks that revolve around the story of one strong woman, a woman who loves, who endures, who dreams. Just like the woman in my poems. It was a windy snowy day in Skopje’s Old Bazaar when we were shooting, which was appropriate given the emotional storm we both go through when  creating. Two Embroiderers is our story, but at the same time the story of every woman. You are here to tell it to the world.

Untitled-1a

Designer: Anita Nestorovska Ani Jewelry Design
Model & Verses: Aleksandra Spaseska
MUA: Viktor Mirchevski
Photography: Sara Kocevska
Styling: Mario Dodovski

Тоа беше љубов на прв поглед. Јас се вљубив во нејзините шарени монистра, таа се вљуби во моите стихови. И двете раскажувавме приказни за љубовта, надежта, силата, трпението, копнежот, соништата… Едната везеше монистра, другата зборови. И двете ја споделуваме љубовта кон сè што е убаво, старинско, со стил. Веднаш ни беше јасно дека мора да ги здружиме силите и да испреплетеме приказна што ни е заедничка, да направиме вез од монистра и зборови. Така се роди проектот Две Везилки.

1743219_10202867486866838_2026534842_n

Анита Несторовска е многу талентирана жена. Секој нејзин ѓердан раскажува нова, поинаква приказна, секоја монистра е збор во разнобојната бајка. Ова е многу прецизна работа, но таа ужива во тоа. Везењето монистра е стара техника и многу малку мајстори уште ја користат. Знаејќи дека во секој ѓердан се вложени десетици часови детален труд, ќе се чувствувате како кралица кога го носите.

Untitled-1v

Се инспирира од најразлични стилови: ориентот, рустиката, ренесансата, готиката, хипи движењето… но за овој проект креативниот тим избра шест парчиња што ја доловуваат приказната на една силна жена, жена која љуби, истрајува, сонува. Баш како жената во моите песни. Кога снимавме во Старата скопска чаршија беше ветровито и снежно, што беше баш соодветно имајќи на ум дека и двете поминуваме низ емотивна бура кога создаваме дело. Две Везилки е нашата приказна, но наедно е приказната на секоја жена. Вие сте тука да ја раскажете на светот.

ss