Tags

, , , , , ,

IMG_3242

I’m so excited when I have new finds to share with you, I find the time and energy to dress up and take photos, and then sit on my computer with make up on and write you a post🙂 I already told you about my new vintage treasure island in my previous post, so today I’m continuing the story (with some shabby photos, sorry, the camera, again!) with this army green Loden coat from the Austrian company “Schneiders”. My guess it’s from the late 80’s after I did some research on the company and its models. It turned out Austrian Loden coats were quite the thing back in those days, acoording in this article from 1989. See, that’s what I love about second hand and vintage clothes, you explore, you learn new things, and more importantly, give old clothes new life! I paired it again with the black lace dress (just to give you the idea how you can play around with one piece of clothing), a striped blouse and dark green tights. I added the thin belt to accentuate the waist and I think it made the coat look completely different🙂 The bracelets were a perfect match to the coat’s buttons! So, what do you think?

IMG_3234 IMG_3235 IMG_3236 IMG_3241 IMG_3243

Толку сум возбудена кога ќе најдам нешто ново, што наоѓам време и енергија да се дотерам, да се фотографирам и потоа да седнам нашминкана пред компјутер и да ви напишам пост🙂 Веќе ви кажав за новонајдениот остров на скриеното винтиџ богатство во мојот претходен пост, па денес ја продолжувам приказната (со малку никакви фотографии, извинете, фотоапаратот, повторно!) со овој капут Loden во војнички зелена боја од австриската компанија “Schneiders”. Претпоставувам дека е од доцни 80-ти, судејќи по моите истражувања за компанијата и нејзините модели. Открив дека австриските Loden капути биле прилично популарни тогаш, според овој напис од 1989 година. Ете, тоа е она што го обожавам кај винтиџ и облеката на старо: истражувам, учам нови работи и најважно од сè, им давам нов живот на старите парчиња! Повторно во комбинација влезе чипканиот црн фустан (само да ви покажам колку може да си играте со едно парче облека), блуза на риги и темнозелени хулахопки. Го додадов тенкиот ремен за да ја нагласам половината и мислам дека тоа му даде потполно поинаков изглед на капутот🙂 Белегзиите совршено се вклопија со гравираните копчиња! Па, што мислите?