Tags

, , , , , , , , , , , ,

IMG_3215

You know I’m not very much into the holiday cheer, but I’m not immune to it either. When it comes to holiday celebrations the only thing I do like is the dressing up, but not too much out of the ordinary getting dandy for a night in town. I still don’t know where I’ll be going for New Year’s Eve, maybe stay home and throw a wild party of two with my guy (wohoo!) but I do know I will dress up🙂 This photo shoot was done for the needs of Stipka’s series “What are the Macedonian fashion bloggers wearing on NYE” and is also my advice to you how to look fabulous without spending a dime. Literally!

The dress is (of course) vintage, it is a handmade dress from the 60’s, work of art of my friend Elena’s mother who was a piano teacher and still is a woman of style and class. I was over the moon when I got my hands on it! I bought the Oxford shoes and the clutch about a month ago, so they’re not a holiday shopping and I will be wearing them after all the NYE madness is done. And the coat is also vintage, it belonged to my aunt Roza, it’s from the late 70’s or early 80’s, she couldn’t remember, from the Yugoslavian textile giant at that time “Prvi Maj”.  The earrings I’ve had for years and honestly I forgot I had them and they seemed perfect for this outfit because the dress is ornamented and it allows little accessorizing. I love the cut and length of this dress and how glamorous it looks, but still is very comfortable. So tell me how you like my outfit in the comments section below and what are you wearing on New Year’s Eve :*

IMG_3190 IMG_3193 IMG_3199 IMG_3201 IMG_3208 IMG_3211 IMG_3212

 

Знаете дека не сум многу по празничните прослави, ама не сум имуна на расположението. Кога станува збор за новогодишното лудило, единственото нешто што ми се допаѓа е дотерувањето, но не претерувам со нешто поекстравагантно од излегување навечер во град. Уште не знам каде ќе ја славам новогодишната вечер, можеби ќе останам дома и ќе правиме журка за двајца со дечкото (опаа!) ама сигурно ќе се дотерам. Фотографирањево беше наменски направено за потребите на серијалот на Штипка „Што ќе носат македонските модни блогери на новогодишната ноќ“ и наедно мојот совет до вас како да се дотерате без да потрошите денар. Буквално!

Фустанот е винтиџ (се разбира) и е рачно изработен во 60-тите, уметничко дело на мајката на мојата пријателка Елена, која порано беше наставничка по пијано и денес е класа жена со стил. Бев пресреќна кога го добив на подарок! Оксфордките и плик ташната ги купив пред еден месец, значи не спаѓаат во празничен шопинг и секако ќе ги носам и кога ќе помине новогодишното лудило. Капутот исто така е винтиџ, подарок од вујна ми Роза, од доцни 70-ти или рани 80-ти, не можеше ни да се сети, од тогашниот југсловенски текстилен гигант „Први Мај“. Обеткиве ги имам со години и искрено заборавив дека ги имам, ама ми се видоа совршени за оваа комбинација бидејќи фустанот има многу детали во кројот и не дозволува многу накит. Го обожавам кројот и должината на фустанов и колку гламурозно изгледа, а сепак е удобен. Кажете ми дали ви се допаѓа мојата празнична комбинација во делот за коментари подолу и секако, споделете со мене што ќе носите на Нова година :*