Tags

, , , , ,

1473009_10202069411072439_1423789109_n

Поезијата е дел од мојот живот откако научив да пишувам. Наоѓањето луѓе кои со кои можам да ја споделам оваа слатко-горчлива љубов кон поезијата е бесценето. Снежана Стојчевска е една од поетските души што го разубавиле мојот свет и огромно е задоволството да ве поканам на промоцијата на нејзината нова книга „Под нулата“ за која ја доби годинашната Награда Бели мугри што се доделува секоја година за збирка на автор до 35 години, во рамките на Поетската манифестација Денови. Ја имав таа чест да го напишам поговорот за збирката и колку што беше огромна радоста што ќе пишувам за неа, толку беше голема одговорноста пред една сродна поетска душа.

Снежана Стојчевска

Снежана Стојчевска

 

Промоцијата ќе се одржи денес (20 декември, 2013; петок) во 19 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Потоа ќе има претставување на поезијата на второнаградениот автор, од мојот роден Прилеп, Даниел Карески и на третонаградената авторка Лиридона Аљи. Се надевам оние меѓу вас кои го следите овој блог и за поезијата, покрај модата, ќе дојдете на овој свечен и прекрасен настан.

Многу љубов, драга моја Снежнобела!