Tanja Kokev f/w 2013-14: Designed to impress

_MG_7677

Таа знае што сака жената. Нејзините креации дишат во духот на сензуалноста. Нејзиниот моден импресионизам воодушевува. Таа е Тања Кокев. Уште кога ја добив поканата илустрирана со сликата „Појадок на трева“ на Едуар Мане на која разголената девојка е „облечена“ во раскошен фустан со кој отвори фантастичната ревија, знаев дека со заслужено право нетрпеливо ја очекувавме колекцијата есен/зима 2013-14 на Ателје Кокев. Пистата наликуваше на романтична градина послана со есенски лисја низ која продефилираа грациозни модели во 33 креации, како дами од Франција во 19. век излезени на прошетка. 

:runway:

This slideshow requires JavaScript.

Колекцијата беше голем чекор за етаблираната дизајнерка, најпрво бидејќи за прв пат користеше првокласни материјали од фабриките на Валентино и Унгаро, а ревијата како целосен проект може да се носи рамо до рамо со светската модна сцена, како по квалитетната изработка на креациите, така и по храбриот дизајн на пистата за овој самостоен проект на Кокев. Архитектонски градени, а сепак сензуални и лелеави, фустаните и здолништата изработени од мек плиш, дамски твид, нежна органза и романтичен свилен шифон, зрачеа подеднакво со женственост и самоувереност и во миди и во макси должина. Деталите од плетиво и тантела им дадоа винтиџ елемент на структурираните корсети, а здолништата со висок струк ја нагласуваа женската силуета. Публиката со воздишки ги дочекуваше креациите што полека се движеа во колоритната палета на пастелни тонови, кон средината освежени со смарагдно зелена и боја на циклама, а ревијата беше заокружена со елегантни свечени тоалети достојни за една филмска дива. Кокев со оваа колекција докажа дека може бескрајно да се игра со елегантната женска силуета и да нуди софистицирани, а сепак носливи децентни парчиња за жената по која се вртат погледи дури и кога е покриена од рамена до глуждови.

:guests:

This slideshow requires JavaScript.

 

She knows what a woman wants. Her designs breath in the spirit of sensuality. Her fashion impressionism thrills. She is Tanja Kokev. Ever since I got the invitation illustrated with Edouar Manet’s “Le déjeuner sur l’herbe” that depicts his naked girl “dressed” in the opening piece of the fabulous show, I knew that Atelier Kokev‘s  fall/winter collection was well worth waiting for. The runway resembled a romantic garden with autumn leaves where gracious models strutted in 33 creations, like ladies on a walk in 19. century France.

This line was a huge step for the established designer, above all because this was her first time using luxurious Valentino and Ungaro fabrics, and secondly, the show as an overall project rose to world class level both in model craftsmanship and in terms of the brave runway design for this solo exhibition. Architectural, and yet sensual and flowing dresses and skirts made of soft velvet, elegant tweed, fine organza and romantic silk chiffon, breezed femininity and confidence both in midi and in maxi lengths. Knit and lace detail gave a vintage feel to the structured corsets, and high waist and full skirts accentuated the feminine silhouette.  The audience exhaled at each of the creations as they slowly flowed in the colour palette of pastels, then moved to vibrant emerald green and fuschia, finishing off with elegant gowns worthy of a silver screen diva. With this line Kokev proved that she can play with the elegant feminine silhouette endlessly and yet offer sophisticated and wearable decent pieces for the woman that turns heads even when she’s covered from shoulder to feet.

PHOTO: Sara Kocevska

10 thoughts on “Tanja Kokev f/w 2013-14: Designed to impress

  1. Изгледаш прекрасно!!
    Со право бев нестрплива во врска со постов. Фустанот е прекрасен, ми се допаѓа што си го средила на таков начин и нормално да не кажеше не би се познавало 😀
    Круната е прекрасен детаљ, дава многу колористност и ведрина, а и самата по себе е посебна ^_^ . Кожниот корсет и ланчето ми даваат некој посебен спој и се супер вклопено парче од некоја т ака порокерска комбинација 😀

    поздрав
    Евгенија
    http://salvajeylibre8.wordpress.com/

    1. Благодарам Евгенија 🙂 Секогаш е убаво да се прочитаат пофални зборови. И баш сакам да ги кажувам „малите тајни“, за тоа е блогот 🙂

  2. Изгледаш одлично. Прв пат те гледам во вакво издание и убаво изгледаш во корсет. Венчето е најубавиот детал и е баш ти :))))))

  3. Александра заборави на фактот што каснам со коментирање со месеци, и прими го комплимент тоа дека сепак коментирам затоа што ова не се прескокнува. 🙂

    Изгледаш неописливо добро од глава до пети, не само гледано за облеката.
    На фотографиите сјаеш. Шминката и косата се врв, а фустанот е толку посебен. Материјалите, должината (омилен момент), моделот, начинот на кој е искомбиниран. Без зборови сум. 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s