Tags

, , , , , , , ,

I’m over my head these days, work engagements got the best of me, but reading all your wonderful comments on the Facebook fan page put a big smile on my face and remind me why I started this blog in the first place: share my love for good and unique style. Blogging becomes more and more important in my life and I must say I am quite satisfied with how things are rolling. I’m preparing some big things with some of the most amazing people I met in the past year and I can’t wait to show it to you. The blog will be undergoing some changes, too, so stick around. 

Имам работа преку глава деновиве, ама кога ги читам вашите прекрасни коментари на Фејсбук страницата на блогот, на лицето ми се развлекува широка насмевка и се потсетувам зошто го почнав блогот: да ја споделам мојата љубов кон добриот уникатен стил. Блогирањето станува се поважен дел од мојот живот и морам да признаам дека сум прилично задоволна како се одвиваат работите. Подготвувам многу големи проекти со најфантастичните луѓе што ги запознав во изминатава година и одвај чекам да ви ги покажам. И на блогот ќе има некои измени, па останете со мене.

IMG_3136 IMG_3138 IMG_3149

IMG_3121 IMG_3131 IMG_3133 IMG_3135 IMG_3147

Now, for today’s post, I had the whole day to prepare and yet we ended up taking late afternoon photos… For today’s outfit I tried mixing in something old and something new and I did some camouflaging🙂 I’m wearing this vintage blue dress disguised as a skirt with my favorite Joy Division print t-shirt. Although I am not a big fan of branding, this Armani Jeans leather jacket is absolutely purrfect and cozy, so I just had to wear it. Rounding up the look with Oxford shoes and my new tights with deer motifs, which I absolutely love! Wearing silver rings on all my fingers was something of a staple for me in my high school days and I was happy to get back to some of my old fashion choices. The earrings are a very dear piece of jewelry for me because I bought them for my first date with my boyfriend and hey, we’re together for more than three years now🙂 I often do that, buying something new, usually jewelry, when I feel that that event is going to change my life and later I have it as a souvenir. What’s your special shopping ritual?

За денешниот пост имав цел ден за да се подготвам и на крај пак фотографиравме доцна попладне… За оваа комбинација пробав да измешам некои стари и нови парчиња и направив камуфлирање на фустан🙂 Го носам овој винтиџ син фустан и го маскирав како здолниште со мојата омилена маичка со принт Joy Division. Иако не сум голем обожавател на брендирани парчиња, оваа кожна јакна Armani Jeans е долку мека и пријатна, просто морав да ја носам. Изгледот го заокружив со оксфордки и моите нови хулахопки со елени кои просто ги обожавам! Носењето многу сребрени прстени на сите прсти ми беше заштитен знак во средношколските денови и се радувам што се вратив на некои од моите поранешни стилски избори. Обетките ми се многу драго парче накит бидејќи си ги купив за првиот состанок со дечкото, и ете, заедно сме нешто повеќе од три години🙂 Често си купувам нешто ново, неретко накит, кога претчувствувам дека тоа ќе биде настан што ќе ми го смени животот и го чувам како сувенир. Кој е вашиот шопинг ритуал?