Tags

, , , , , , , ,

02 City People Push It Magazine

Don’t forget to look back. That was the motto I was raised by. Always wonder how things got to be the way they are, good or bad. And most important, step back and see the bigger image. From time to time it is good to take your time and re-evaluate your surroundings, regardless where you come from. Our past does not define us, but is inevitably a part of us. We even get to see who we really were when we look at events from a distance. We endure and we learn how to appreciate. We build ourselves on our experiences. And it is then when we realize the true beauty, meaning and strength of the seemingly small things, every day things we so often neglect.

Не заборавај да се свртиш назад. Тоа е мотото по кое ме воспитале. Секогаш прашувај се како нештата станале такви какви што се, без разлика дали се добри или лоши. И најважно од сè, врати се чекор наназад и види ја поголемата слика. Одвреме-навреме треба да се направи нова проценка на средината, без разлика од каде потекнуваме. Нашето минато не нè дефинира како личности, но е неоспорен дел од нас. Дури кога ќе ги видиме настаните од дистанца ќе сфатиме кои сме навистина. Пребродуваме и учиме како да ги цениме нештата. Нашите искуства не градат како личности. И тогаш ја сфаќаме вистинската убавина, значењето и силата на навидум малите нешта, на секојдневните нешта што толку често ги занемаруваме.

03 City People Push It Magazine 05 City People Push It Magazine

PUSH IT presented a deep spiritual visual story on this topic. Through this intense video editorial “How You Love” by Delakeyz, PUSH IT put an artistic perspective to the soul-searching we need to do amidst our daily routines. Here you can exclusively see some of the photos of the session “City People” that together with the contrasting “Elouise” session were taken during the making of the video, that I am sure will tickle your imagination. So visit PUSH IT and indulge yourselves with the Hermann Hesse’s “Siddhartha” inspired video editorial and share this amazing view on life and love.

PUSH IT Magazine претстави една длабоко духовна визуелна приказна на оваа тема. Преку впечатливиот видео-едиторијал „Како љубиш“ на Delakeyz, PUSH IT постави една уметничка перспектива на духовното трагање што ни е потребно во нашето секојдневие. На блогот ексклузивно може да видите дел од фотосесијата „Градски луѓе“ што заедно со контрастната „Елоиз“ беше направена за време на снимањето на видеото, кои сигурна сум ќе ја скокотнат вашата фантазија. Затоа посетете ја страницата на PUSH IT и препуштете се на видео-едиторијалот инспириран од „Сидарта“ на Херман Хесе и споделете го овој фантастичен приод кон животот и љубовта.

How You Love by Delakeyz: Written and Produced by Samuel Morris & Suleika Müller Director: Samuel Morris Creative Director: Suleika Müller Director Of Photography: Fabio Tozzo Camera: Tobias Kubli

How You Love by Delakeyz:
Written and Produced by Samuel Morris & Suleika Müller
Director: Samuel Morris
Creative Director: Suleika Müller
Director Of Photography: Fabio Tozzo
Camera: Tobias Kubli