Tags

, , , , , , , , , ,

487966_490466444384075_1306028434_n

       Nikola Petrovski. Remember that name well. With only his second time at Fashion Weekend Skopje, the designer from Bitola set the standards to how a fashion show should look like. His new line was revolutionary in terms of Macedonian fashion. First of all, he was the only designer to be creating for the upcoming spring-summer 2014 season and brought such freshness and vividness after the fall-winter lines, it was a thrill sitting front row and admiring his work. Second of all, his far-reaching creative force knows no boundaries. At the spring FWSK he presented an elegant line with restrained passion and almost conservative appeal, but this time Petrovsk unleashed his artistic skills and gave us a line that can easily be sold in high-end boutiques as resort wear. And on top of all, being one of the two designers offering men’s pieces on the runway (Irina Tosheva had two exquisite fall/winter pieces in her line Memento Mori) Petrovski offered daring men pieces in bold patterns, and eye-catchers were the red floral jacket (that kind of reminded me of Louis Vuitton’s Ready to Wear f/w 2013 collection) and the mixed pattern shorts with blue waist.

        The show made us dance in our seats and indulge the ocean breeze exhaling from the translucent mini dresses and the models’ water dripping hair. Both women and men pieces were rich in pattern: floral, hint of animal and some graphic prints, and the abundance of colour and natural fabrics such as cotton and linen and their combinations with silk and lycra, left no eco-soul unstirred. The almost chaotic movement of the models on the runway had us in trance (Ivana and Daniel strutted barefoot, yey!), but when all the pairs walked down the runway we could see the genius behind his line: an integral, rich, masterfully tailored line that inspires to move forward both in timing and in fearless designing. My expectations of this line were outdone, and I simply can’t wait to see what is next from Nikola Petrovski.

1375990_490466087717444_1117312322_n 58498_490465997717453_1901225115_n 734362_490466321050754_1319822762_n

581775_490466611050725_1474431902_n 1378514_490466007717452_1520131776_n 1379592_490466084384111_1610521457_n 1380572_490466761050710_1819307056_n

1381999_490466821050704_178614828_n

        Никола Петровски. Добро запомнете го тоа име. Иако ова беше само второ негово претставување на Модниот викенд Скопје, дизајнерот од Битола постави стандарди за тоа како треба да изгледа една модна ревија. Неговата нова линија е револуционерна од повеќе аспекти во рамките на македонската мода. Пред сè, беше единствениот дизајнер што креираше за следната сезона пролет-лето 2014 и внесе таква свежина и живост по есенските линии што беше навистина возбудливо да се седи во првиот ред и да се восхитува на неговото дело. Второ, неговата далекусежна креативна сила не познава граници. На пролетниот FWSK се претстави со елегантна линија со воздржана страст и речиси конзервативна привлечност, но овојпат Петровски ги ослободи неговите уметнички вештини и ни понуди линија што без проблем може да се продава во елитни светски бутици како resort колекција. И како врв на сè, како еден од само двајца дизајнери што понудија машки модели на пистата (Ирина Тошева имаше две исклучително добри парчиња во нејзината колекција есен/зима Мементо мори), Петровски понуди смели машки парчиња со впечатливи дезени, а најзабележани беа сакото со црвен цветен дезен (што малку ме потсети на колекцијата ready to wear есен-зима 2013 на Луј Витон), како и шорцевите со мешани дезени и син појас.

           Ревијата нè понесе да танцуваме во место и да се препуштиме на морското ветре што издишуваше од прозрачните мини фустани со цветни дезени што делуваа како да се рачно сликани, како и од мокрите коси на моделите. И машките и женските парчиња изобилуваа со дезени: цветни, животински шари и графички принтови; а богатството од бои и природни материјали како памук, лен и нивни преработки со свила и ликра, видно ги воодушевија поклониците на еко-модата. Речиси хаотичното движење на моделите по пистата нè доведе до транс (Ивана и Даниел прошетaа босоноги, супер!), но кога паровите продефилираа по пистата фатени за раце, имавме прилика да ја видиме генијалноста на оваа линија: целокупна, богата, мајсторски скроена колекција што инспирира да се движиме напред, и со темпирање на модата и со бестрашноста во дизајнот. Моите очекувања за оваа колекција беа надминати и просто не можам да дочекам да видам што следно ќе понуди Никола Петровски.

Photo courtesy of > Fashion Weekend Skopje