Tags

, , , , , , , ,

DSC_0198

It was the show we were all dying to see. The most talked about, the one that created quite a buzz, especially with the showing of the Backstage Story video for the line before the show. Irina Tosheva, the designer that hears the whispers and the screams of the young generation and translates them into creations without inhibitions, once again stunned the Fashion Weekend Skopje audience, on the second night of the fashion showcase, when she presented her latest line Memento Mori. I had the pleasure to see part of the line previously, but seeing it on the runway as a whole to the beats of the groovy Foolish Green, the joy and pride were sky high. As always, Irina created an integral line with masterful craftsmanship and that part was no surprise.

But the idea to put a rather dark subject, the inevitability of death, in a youthful line influenced by punk, and on top of all splash a romantic pink hue in, was beyond comparison. Mostly grey and black pieces were softened by a pop of soft pink, the same contract being applied in the use of fabrics. The crowd went wild about the skull themed tops for both men and women, as well as the two false feathers jackets. Famous for the head pieces she adorns her models with, this time Irina chose black and pink feather mohawks that added beautifully to the whole vibe of the show.  

What boggled me ever since I learned the title of her new line was the courage of a young designer to tackle the topic of the brevity of life, the realization that all worldly will come to its end, that what is left behind are not tangible riches, but how many lives we touched with our actions and how many lives we enriched with the richness of our soul. These are postulates that the designer firmly believes in and are evident in all her other activities beside fashion design and prove that beyond the playfulness of her designs lies a deeper humane and cosmopolitan trait. Hats and mohawks off, Irina!

DSC_0181 DSC_0183 DSC_0186 DSC_0191 DSC_0199 DSC_0210 DSC_0212 DSC_0220 DSC_0231 DSC_0233 DSC_0237

Ова беше ревијата што сите умиравме да ја видиме. Најзборуваната, колекцијата што предизвика најголем интерес особено откако на социјалните мрежи беше промовирано видеото за backstage приказната за линијата пред ревијата. Ирина Тошева, дизајнерката која знае да ги слушне шепотењата и криците на младата генерација и да ги преточи во креации без никакви инхибиции, уште еднаш ја воодушеви публиката на Модниот викенд Скопје, на втората вечер од модниот настан, кога ја претстави нејзината најнова линија Мементо мори. Ја имав таа чест да видам дел од линијата претходно, но кога ја видов целосна на писта, на звуците на игривите Foolish Green, радоста и гордоста беа бескрајни. Како и секогаш, Ирина претстави целокупна колекција со мајсторска изработка и тој дел не беше големо изненадување.

Меѓутоа идејата да стави една прилично мрачна тема, неизбежноста на смртта, во една младешка линија создадена под влијание на панкот, и како врв на сè да стави романтично розова нијанса во сето тоа, е неспоредлива. Парчињата беа главно во сива и црна боја, смекнати со моменти во пригушена розова, а истиот контраст беше применет и во материјалите. Публиката пошизи по горните машки и женски парчиња со черепи, како и по двете кратки јакни од лажни пердуви. Позната по деталите за на глава со кои ги украсува нејзините модели, Ирина овојпат избра мохавки од црни и розови пердуви што одлично се надоврзаа на целата атмосфера на ревијата.

Она што ме вчудовиди уште кога го дознав насловот на нејзината нова линија беше храброста на една млада дизајнерка да се фати во костец со темата на краткотрајноста на животот, нејзината свесност дека на сè што е земно ќе му дојде крајот и дека она што ќе остане зад нас не се опипливи богатства, туку колку животи сме допреле со нашите дела и колку животи сме збогатиле со богатството што го носиме во душата.  Ова се постулати во кои дизајнерката цврсто верува и кои се очигледни во нејзините активности на страна од модниот дизајн и покажуваат дека зад игривоста на нејзините креации лежи подлабока човечка и космополитска нишка. Ирина, ти симнуваме капа, и мохавка!

More photos/Повеќе фотографии