Етаблираниот македонски дизајнер Ненад Секирарски заокружи 20 години од неговата кариера со гламурозна ревија за престојната сезона есен-зима 2013/14 на третата вечер од 23. издание на белградскиот Fashion Selection што се одржува од 8 до 20 октомври. Како одличен познавач на сензибилитетот на жената која знае што сака, Секирарски повторно ја воодушеви модната публика со вечерни тоалети во кои овојпат ткае и една сентиментална нишка, создавајќи креации што ја раскажуваат приказната за љубовта и болката, инспириран од португалското фадо што во својата мелодија ја крие токму таа љубовна меланхолија. Избирајќи впечатливи бои како златна, црвена и мастило сина, што недвосмислено ја доловуват неговата интенција, во комбинација со тантела и монистра, Секирарски одново ја создава модерната жена која гордо се носи со своите искуства.
Повеќе детали за линијата и неговите впечатоци од ревијата во Белград читајте во интервјуто со Александрина Везилка и уживајте во ексклузивните фотографии од пистата и backstage што Секирарски ги одвои специјално за блогот.
~ Што ви беше инспирација за колекцијата?
Основната инспирација за колекцијата се емоциите вткаени во португалското фадо што на силен начин ја раскажува секогаш приказната за раните на срцето, за копнежот по изгубената љубов, но и достоинството и вербата во вредностите носејќи ја таа болка со достоинство. Сите овие емоции се проткаени во слоевитоста на материјалите во испреплетувањето на мрежите, во “заплетените” тантели како детали, сите заробени во темни и интензивни бои.
~ Дали сте задоволни од организацијата на настанот, како редовен и етаблиран учесник? Дали забележувате напредок во споредба со претходните години?
Јас веќе една деценија учествувам на овој настан и морам да кажам дека се чувстувам како дома. И покрај тешките економски превирања во светот и секако регионот и во многу голема мера намалениот број на учесници и спонзори, мора да се признае дека професионализмот се огледа токму во тоа што во ниту еден момент не се почуствува во backstage и на самата писта дека нешто недостига и сè се одвиваше во најдобар можен ред. Затоа сметам дека е голем успех и напредок што и во вакви тешки услови самиот настан трае повеќе од 10 дена и со одвива со голем успех и покриеност од медиумите.
~ За кој пазар е наменета колекцијата?
За колекцијата, иако пред сè е наменета за домашните клиенти, веќе постои заинтересираност за две online продавници, едната од Европа, а другата од САД, што ќе продаваат дел од моделите во својата понуда за оваа сезона.
~ Каква е жената што ќе ги носи овие парчиња?
Мојата замисла е секогаш иста, жената во мојот модел е самоуверена и нежна, јака но со потреба за прегратка, се облекува за себе па потоа за другите и со својот изглед сака помалку да ги објави своите мисли кои ги чита само оној кој разбира и знае.
~ Што е следно од Вас?
Кон крајот на месецот колекцијата ќе биде претставена во Република Српска на еден моден настан кој опфаќа повеќе сегменти бидејќи пред сè е наменет за организирање на свадби. Интересното е што се случува во едно прекрасно место наречено етно село Станишиќи кое изгледа како од бајките и со нетрпение очекувам да видам дали навистина постои и како моите модели ќе изгледаат во еден таков амбиент. Тоа е организирано со изборот на Мис на Босна и Херцеговина па верувам ќе прерасне во еден голем и интересен настан од меѓународен карактер со дизајнери од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и секако јас од Македонија.
backstage fun!
Odlicen post, samo nareden pat vnimavaj poveke na pravopisot i nekolku bukvi si goltnala 🙂
Inaku retko koj bloger se angazira kako tebe da pisuva za nasite dizajneri. Samo napred!
Благодарам за коментарот 🙂 Направив корекции, те молам укажи ми на некои други пропусти, текстовите ги читам по 100 пати и пак нешто успева да ми побегне. Важам за grammar nazi, да не си рушам углед 🙂
Prekrasen osvrt 🙂 Golema podrska za rabotata sto ja rabotis. \samo napred
so pocit Vesna
Благодарам од срце, Весна 🙂 Поддршката многу значи!
Haga, ete me i mene vo publikata :), a bev i vo bakstage. Cekaj, a kako ne te vidov vo backstage?
Фотографиите специјално ми ги прати Ненад. Не бев во можност лично да присуствувам на ревијата, за жал. А ти, гледам, одлично си поминала 🙂