Tags

, , , , , , , , ,

22222

Со големи очекувања, позитивна нестрпливост и огромна радост завчера почна третата Скопска недела на дизајн. Збир на иновативни идеи, љубов кон креативноста и почит кон оригиналноста. Околу 200 учесници од десетина земји го нахранија апетитот на македонската публика за урбан дизајн и култура. Јас секако заглавив на Дизајнерскиот поп ап аутлет каде се чувствував како дете во слаткарница. Си ветив дека ќе посветам цело попладне на раат да ги разгледам понудите на македонските и регионалните дизајнери на облека и накит, а имам време до 6 Октомври, во недела, кога ќе затвори Неделата на дизајн. Не го чекајте последниот ден, ова е настан што не смее да се пропушти. Ви препорачувам рамни обувки за калдрмата во Куршумли Ан, топла марама за есенскиот ветер и убаво друштво за да го направите вистинскиот избор. Програмата може да ја прочитате ТУКА. Уживајте во галеријата од отворањето!

2013-10-01 21 2013-10-01 22 2013-10-01 2442 2013-10-01 5522 2013-1550-01 22 3322 4422 555522 IMG_3035 IMG_3039 IMG_3043 IMG_3046 IMG_3050 IMG_3052 IMG_3058 IMG_3061 IMG_3062 IMG_3064 IMG_3066 IMG_3068 IMG_3069 IMG_3071

With great expectations, positive eagerness and tremendous joy two days ago started 3. Skopje Design Week. A compilation of innovative ideas, love to creativeness and respect to originality. About 200 participants from 10 countries fed the appetite of the Macedonian audience for urban design and culture. I, of course, dwelt at the Designers Pop-up Outlet and felt like a kid in a candy-store. I promised  myself to spend a whole afternoon there and look through all the pavilions in peace, and I have time to spare since the event is ongoing until October 6. But don’t you wait until the last day to visit the Design week because this is an event you simply can’t miss out on. I’d recommend you wear flat shoes for the paved floors in Kurshumli An, a cozy warm scarf and some fine company to help you make the right choice. You can read the whole program HERE. Enjoy the gallery from the grand opening.