Tags

, , , , , , , , , , , ,

44442_731423160207915_1812262635_n

Ова ќе биде плодна дизајнерска есен, како што веќе најавив во претходните постови, а октомври ќе биде месец полн со настани. Пред есенскиот FWSK што модните дизајнери ветуваат дека ќе не воодушеви, на почетокот на месецот стартува Скопската недела на дизајн со урбаната форма на презентирање и продажба на креации Дизајнерска поп ап продавница за која изборот го направија Ludus  и Kapka. Покрај нивните производи, во изложбено-продажниот простор во Куршумли Ан од 1 до 6 октомври ќе може да ги видите и купите производите на уште најмалку 20 домашни и регионални дизајнери, меѓу кои Александра Митковска, Преплет, WE, DUMА, Елена Спасовска, Chic Undercowear, J_ST wardrobe by Jovan Stevanovic, WIZART by Jasmina Glavinche, моите омилени ATAMI и други. Привремениот аутлет во рамките на SDW ќе понуди дизајнерски модни парчиња, накит, модни додатоци и секако, можност за интеракција меѓу публиката и дизајнерите. Мојот распоред за октомври е веќе густо пополнет и со огромно задоволство ќе го почнам ова патешествие со дружба во дизајнерската поп ап продавница. Одвај чекам да го израдувам плакарот со некое дизајнерско парче, па придружете се, сигурно ќе најдете нешто и за вашиот🙂

ATAMI

ATAMI

Преплет/Preplet

Преплет/Preplet

Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska

Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska

DUMA

DUMA

Undercowear

Chic Undercowear

Elena Spasovska

Elena Spasovska (Photo: Ani&Dimi)

Nita M by Dafina Dzeparoska

WE by Nita Mucha and Dafina Dzeparoska

This is going to be a very fruitful fall in the field of design, as I already said in the previous posts, and October is going to be quite eventfull. Before the fall FWSK that fashion designers promise to be knock out, in the beginning of October starts Skopje Design Week with an urban form of presentation and retail, Designers Pop-up outlet, with Ludus and Kapka being in charge of the selection. Among their own products, in the exhibit/retail space in Kurshumli An, starting from October 1st and until October 6th, the visitors will be able to see and buy the products of at least 20 other designers from Macedonia and the region, including Aleksandra Mitkovska, Preplet, Nita M, DUMA, Elena Spasovska, Chic UndercowearJ_ST wardrobe by Jovan Stevanovic, WIZART by Jasmina Glavinche and my favorites ATAMI. The temporary outlet, as part of SDW will offer designer clothing, jewelry and accessories, as well as an opportunity for the audience to interact with the designers. My schedule for October is already getting tight and I’d be very pleased to start this journey with some mingling at the pop up outlet. I can’t wait to cheer my closet up with a new designer piece, so join me, I am sure you’ll find something for yours, too.