Tags

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

DRA_3277

Како што минуваат годините и (се надевам) созревам, сфаќам дека всушност повеќе ја сакам есента од летото за кое живеев кога бев дете и млада девојка. И токму овој преоден период ми е омилен: кога природата ги менува боите, кога уште се носат летните парчиња во комбинација со јакна, кога денот е пократок и повеќе ги цениш сончевите саати, кога повеќе ги цениме топлите прегратки. На Фејсбук профилот на блогот вчера напишав дека ова се последните сончеви денови во есента за да ги износиме парчињата што цело лето не дошле на ред. Оваа винтиџ свилена кошула од 80-тите сигурно ја памтите од една од комбинациите за пролетниот FWSK, но од тогаш ја заборавив. И сандалите на полна пета ќе ги спакувам за догодина. Есента доаѓа со сите нејзини магични бои и мириси, полна со инспирација, плодна и раскошна. Инспирана од нејзините бои ја составив оваа винтиџ комбинација во која уште провејува здивот на летото. Ви праќам топол раноесенски поздрав, драги мои🙂

DRA_3280

 

 

DRA_3260

DRA_3282

DRA_3263

DRA_3279

As years go by I get more mature (at least I hope so) and come to a conclusion that I actually love autumn more than I love summer, the season I lived for when I was a child and a young girl. And this transitional period is especially dear to me: when Nature changes its colours, when I still get to wear summer clothes with a light jacket, when the day gets shorter and you cherish the sunny hours more, when you cherish warm hugs. On the blog’s Facebook page yesterday I wrote that these are the last sunny autumn days when we get to wear those summer pieces we’ve forgotten about all summer. I am sure you remember this vintage silk shirt from the 80’s that I wore to the spring FWSK, but I have really forgotten about it. These sandals are also going to the box until next year. Autumn comes with all its magical colours and scents, full of inspiration, fruitful and opulent. Inspired by its colours I put together this outfit that still has the breath of summer lingering through. I send you a warm early autumn greeting, my darlings🙂

Photo: Dragan Perkovski