Tags

, , , , , ,

остајте ме
да тонам во споменот за него
ако спие до мене,
остајте ме
да го сакам
секој ден поинаку.

остајте ме
да најдам нови причини
да го напуштам и да молам
да се врати,
да го сакам
како јас да сум некоја друга.

остајте ме
да не знам што со себе,
да не знам што со него,
да не знам што
со оваа љубов непрегорна,
да го сакам
небаре е прв и нема последен.

остајте ме
да го враќам времето
па избезумена да ги туркам
сказалките напред,
остајте ме да го љубам
него во време минато-идно.

септември, 2013

Bird_Cage_by_Farrago