Tags

, , , , , , , , ,

test

Darlings, I am very excited about today’s post. I am sure you remember PUSH IT Magazine and it’s regional edition PUSH IT Moda that so famously introduced Macedonian Fashion Bloggers, including my blog, to the wider audience, as well as the article I wrote for them on Macedonian designers’ spring/summer collections presented on FWSK 2013. Independent magazine PUSH IT started their story in 2008 as an online site only to grow into a full scale magazine in the years to come. They continue supporting fashion in all its forms and educating their readers on latest trends and faces to follow.

Драги мои, многу сум возбдудена за денешниов пост. Сигурно се сеќавате на PUSH IT Magazine и нивното регионално издание PUSH IT Moda што славно ги претстави Македонски модни блогери, вклучувајќи го и мојот блог, на пошироката публика, како и на текстот што јас го напишав за колекциите пролет/лето на македонските модни дизајнери претставени на Модниот викенд Скопје 2013. Независното списание PUSH IT ја почна својата приказна во 2008 година како вебстрана и во следните години прерасна во списание од светски рамки. Тимот на PUSH IT  продолжува да ја поддржува модата во сите нејзини облици и да ги информира своите читатели за најновите трендови и луѓе што вреди да се следат.

PUSH IT Magazine FLOWER 5

For their latest Issue 6 PUSH IT collaborates with fashion photographer Sascha Heintze and the editorial features model Elise (Ford Models Paris). He did an amazing job capturing the editor’s idea. The overall idea was to allure on rebirth, focusing the editorial on pure model & clothes images. Flowers were a natural choice to embody the idea of rebirth as they represent the full circle of life that also applies on fashion.

За нивното најново, 6. издание, PUSH IT  соработуваа со модниот фотограф Саша Хајнце, а во едиторијалот е застапена моделката Елис (Ford Models Paris). Одлично си ја завршил работата и ја доловил идејата на уредникот. Генералната идеја беше едиторијалот да потсетува на преродба, фокусирајќи се во фотографиите исклучиво на моделот и облеката. Цвеќето беше логичен избор за отелотворување на идејата за преродба бидејќи го претставува целиот животен циклус (раѓање, хранење, созревање, венеење, смрт) што исто така се однесува на модата.

PUSH IT Magazine FLOWER 2

Keeping up with world trends and the fast living of today, the latest issue is solely available on iPad and iPhone via PUSH IT application that is available to download from the Apple Newstand HERE. With this app you will be informed of all latest trends in fashion and get PUSH IT contents exclusively, wherever you are. I know I’m overheating my smartphone🙂 Enjoy the exclusive editorial photos and don’t forget to download the app and support the amazing team from PUSH IT.

Следејќи ги светските трендови и брзиот начин на живеење денес, најновото, шесто издание, е достапно само на iPad i iPhone преку апликацијата на PUSH IT што можете да ја симнете ТУКА од Apple Newstand. Со оваа апликација ќе бидете информирани за најновите трендови во модата и ќе имате ексклузивен пристап до содржините на PUSH IT, каде и да сте. Јас барем си знам дека го прегревам мојот смартфон🙂 Уживајте во ексклузивните фотографии од едиторијалот и не заборавајте да ја симнете апликацијата и да го поддржите фантастичниот тим на PUSH IT.

PUSH IT Magazine FLOWER 3