Tags

, , ,

ми кажуваш 
како да оковам небо,
а рацеве не знаат 
пранги да држат,
та се креваат,
та стегаат,
усните ржат,
не научив како
да зауздам збор.

ми кажуваш
како да вјаремам реки,
а очиве течат
кон утоки нови,
се пенат и модри
се подале в преграб
за мајкина солза,
татковиот стисок.

ми кажуваш
како да неродам сон,
а дете сум на Месечина
и на Сонцето друшка.
научив како
да калемам љубов,
јас немам неиспеани песни.

јуни, 2013