Tags

, , , , , , , ,

најмногу боли
кога не те познавам,
кога раката стои подадена
и камен споменик станува
на едно време
будно и небрежно,
на едно време
чудно и премрежно.

не кога не те препознавам,
оти и јас сум некогаш
безлична,
оти сум и јас под лики скриена,

не кога не те препознавам,
оти така одново те дознавам.

најмногу боли
кога не те познавам,
небаре туѓинец
в рака сум поканила,
небаре туѓа уста
сум наранила,
кога очите твои
празно ме гледаат
прострелуваат
прелетуваат
пребегнуваат.

оти тогаш
ме расчеречуваш
оти тогаш
ме препродаваш
оти тогаш
за душа ме раздаваш

во жалта увилена,
тогаш одново ме убиваш
оти
најмногу боли
кога не те познавам.

јануари, 2013

il_fullxfull.361080433_q2pj