Tags

, , , , ,

дојди. исчезни:
во синевини,
во темјанушки
и неба небакнати:

остани. исчезни:
за полни месечини
за празни синии
и очи набабрени в плач:

замини. исчезни:
по белини
по модри мрачнини
и души несонувани:

ти, незаветен, исчезни.

септември, 2012