изгуби ме
низ песната на сирените:
оние од морето
оние на градот,
во лисјата залепени
на твоите искривени ѓонови.
најди ме
во очајот на очите:
на старците на станиците
на девојките по улиците,
во чајот што испарува
во ладните утра.
губи ме секој ден
низ дланките
низ трепките,
и секоја ноќ
одново наоѓај ме,
низ песните.
октомври, 2012