Tags

, , , ,

наврнат
стоиш на Мојот праг,
дамарите отрпнати
душата ти капе.

(не ми кревај јадови,
јачам)

устата ти занемела
очите вриштат.
раце ми се скаменија
раце, поле широко
за твоите јалови
жетви.

-ти прв замина,
се слушам кај велам.

(во утрината воз писна,
за годината писмо стаса:
вети се на друг)

стоиме скаменети
на с’ртот месечев,
секој на својата страна
на прагот.

-ја турнале татковата куќа.
ми рече твојот грб.

јули, 2012