влегувам во долапите
од твоите стапалки
во калта,
нозете се враќаат
наназад,
доволно е
ноктите
што ми се црни.
излегувам од калапите
од твоите изгризани усни
во снегот,
рацете сакаат да
останат, ама
доволно е
очите
што ми се бели.
стојам во браздите
на нашето небидување.
удобно е тука
во сивилото
на непремолчените
вистини.
октомври, 2012