остај ме
да виреам
во врелото
на твоите стравови
да чезнеам
по врелиот бакнеж
на твоето зајдисонце.
остај ме
да распукам
како зрела лубеница
ненабрана, заборавена
на крајот од бавчата.
остај ме
да стравувам
дека следната плима
можеби езерото
нема да те исфрли
на моите брегови.
остај ме
да изртам
во моите стравови.
Лабино, Охрид
август, 2012

photo: WT