Tags

, , ,

горчлив е
залакот замесен
со барут,
сонот скалапен
во грч.

потстанавме
потни,жедни
силни, бедни
под силното
жетварско сонце.

остајвме
житото в поле
децата сред село
жените над синија

остајвме животот,
имавме
слобода за капарење.

со првите месечини
изгреваат лажните авети.
последната месечина
момина уста жедна, алова

ова не е мојот залак,
слободата жолчна,
ова не се синовите
мајка ми што ги роди.

август, 2012