Tags

, , ,

Bicycle, my love!

Who says you can’t be modern and chic even when you’re riding your bike? Besides being an excellent healthy and green means of transportation, the bicycle for many people is a lifestyle and part of one’s personal fashion style. Regardless weather you have an athletic or classic style, the fashion choice when riding a bicycle doesn’t have to be limited to sportswear and pants. Fluttering skirts and dresses, shorts, hats, scarves… the choice is endless and if you put an effort to it you can park your bike and go all dressed up to work, a romantic walk, to the movies or a dinner with your friends.

The most important thing is that the clothes you are wearing when riding a bike are comfortable, with decent length and cleavage (when siting and riding) and to make sure that your clothes don’t get caught up in some of the bike parts, so choose a model with protective visors on the chain and wheels. Also make a wise choice of hat, so it doesn’t flow away while riding, and wear a safety helmet in the city.

Now that I went through the safety issues, it’s time for fun.

Pants and jeans, regardless if it’s shorts, mid-calf or ankle length, are an ideal pick, but above all need to be comfortable and preferably not with a low waist line. All lengths of skirts and dresses in A-shape are a great choice when riding a bike because they give you that freedom and you look gracious and feminine regardless if you’re cruising the suburbs or country dirt roads or breaking through the grayness and clogged traffic in the big city.

When choosing footwear, the choice is of course up to you, but I don’t recommend riding in high heels or flip flops, safety in mind, so bring them along in the basket and change when you reach your destination and ride in light linen shoes, flats, sandals, loafers or boots (but not above knee high).

The basket in front, besides serving as a place where you keep your bag and other stuff you carry along, can be an additional decoration to your overall outfit.

You can decorate the rim with live or plastic flowers, make a lining of some (preferably) waterproof fabric with an interesting print, especially if you have a net basket.

Release your creativity next time you go out with your two-wheeled friend.

I have about two dozen suggestions on how to pair with your bicycle in a fashionable way.

Be elegant, green and in shape!

Enjoy the summer

Велосипед, љубов моја!

Кој рече дека не може да бидете модерни и шик и кога возите велосипед? Освен што е одличен здрав и еколошки начин за превоз, велосипедот за многумина е и начин на живеење и дел од личниот стил. Без разлика дали сте спортски или класичен тип, модниот избор кога возите велосипед не мора да биде ограничен на спортска облека и панталони. Лелеави здолништа и фустани, шорцеви, шапки, марами… изборот е бескраен и ако се потрудите можете да го паркирате велосипедот и да продолжите дотерани на работа, на романтична прошетка, во кино или на вечера со пријателите.

Најважно е облеката што ќе ја носите кога возите велосипед да биде удобна, со пристојна должина и деколте (кога седите и возите) и да проверите дали некој дел од облеката ќе ви запнува на велосипедот, но сепак изберете модел со заштитни делови на синџирот и тркалата. Исто така внимавајте со моделите на шапки, да не ви летнат во возењето, а за во град носете безбедносна кацига. Сега откако го поминавме делот со безбедноста, време е за забава.

Панталоните и џинсот, без разлика дали се шорц, капри или со должина до глуждовите се најидеални, но пред се треба да се удобни и препорачливо да не се со низок струк. Здолништата и фустаните во А-форма во речиси сите должини се одличен избор кога возите велосипед бидејќи имате слобода на движењето и изгледате грациозно и женствено без разлика дали возите во приградските населби и по земјен пат на село, или го разбивате сивилото и сообраќајниот метеж на големиот град.

Кога станува збор за обувки, изборот сепак останува на вас, но ви препорачувам да не возите со високи потпетици и влечки, од безбедносни причини, а ако можете носете ги во корпата и возете со лесни платнени патики, балетанки, сандали, мокасинки или чизми (но не превисоки).

Корпата на велосипедот освен што служи за сместување на ташната и другите работи што ги носите со себе, може да биде дополнителен украс на вашиот изглед.

Можете да ја украсите со природно или вештачко цвеќе по работ, да направите постава од материјал со интересен дезен, по можност непропустлив на вода, особено ако корпата е мрежаста.

Ослободете ја креативноста следниот пат кога ќе излезете со вашиот пријател на две тркала. Јас ви давам дваесетина предлози за модерно дружење со велосипедот.

Бидете елегантни, еколошки освестени и во добра форма!

Уживајте во летото