Tags

, , , , , , , , , , , , , , , ,

D82A5308 (1)

Vibrant, lovable, retro, sexy and masterful. You know who I’m talking about. Irina Tosheva did it again! Her new SS 2014 collection Cloud 9 presented last night at FWSK carried all the traits she’s famous for: youthful, wearable, inventive and impeccably designed pieces brought together in a motley of retro prints and future designs. Coherent as always, Tosheva created an exuberant line inspired by the 70’s chic translated in modern pieces for young people who stand out in the crowd (and they did give her a standing ovation!). Dresses, hot shorts, skirts, pants, jumpsuits and jackets for the ladies, and shirts and pants for the young gents, in vibrant colours and prints were as always immaculately executed. Her workmanship is no surprise for the fashion audience, but by employing a hint of chic in this line she showed a more mature, feminine side to her designs, while with the last piece we saw on the runway, the long spring coat, she cemented her place as an audience darling when it comes to impeccable tailoring. Famous for her sexy-sweet dresses (that in Cloud 9 were not her strongest pieces), this time Tosheva successfully navigated her clientele toward sophisticated wide legged shorts (that we absolutely have to wear this summer!), while the men’s t-shirt with faux collar showed how young people will be wearing funky casual in the next two seasons. Another moment worth mentioning about this line is that it is about 70 % eco-friendly, which adds to the quality of Irina Tosheva’s work, showing that she definitely does not shy away from world fashion trends. Cloud 9 is a beautiful nostalgic homage to the culturally liberated and sensual 70’s packed in a polished collection topped only by the out-of-this-world eyewear. My only slight remark would be, Irina, we want more pieces in your lines! :)

More photos by Miladin Papovic Photography at STIPKA

D82A5171 D82A5190 D82A5214 D82A5232

Разиграна, допадлива, ретро, секси и мајсторска. Знаете за кого зборувам. Ирина Тошева повторно воодушеви! Нејзината нова колекција пролет/лето 2014 Облак 9 со која се претстави синоќа на Модниот викенд Скопје ги носеше сите нејзини обележја: младешки, носливи, инвентивни и беспрекорно скроени парчиња споени во шаренило од ретро принтови и футуристички дизајн. Конзистентна како и секогаш, Тошева создаде богата колекција инспирирана од шикот на 70-тите пренесен во модерни парчиња за млади луѓе кои се издвојуваат од толпата (и кои вчера ја поздравија со овации). Колекцијата од фустани, секси шорцеви, мини-здолништа, комбинезони, панталони и јакни за дамите, и маички и панталони за младите џентлмени, во разиграни бои и принтови, како и секогаш беше совршено изработена. Нејзината изработка не беше изненадување за модната публика, но со вметнувањето доза шик во оваа линија таа покажа една позрела, поженствена страна на нејзиниот дизајн, а со последното парче што го видовме на пистата, долгата пролетна јакна, Тошева го зацементира нејзиното место на миленичка на публиката кога станува збор за безусловно добро кроење. позната по нејзините слатки секси фустанчиња (што во Облак 9 не ѝ беа најсилни парчиња), Тошева овојпат ја насочи нејзината клиентела кон софистицирани шорцеви со широки ногавици (што апсолутно мора да ги носиме летово!), а машката маичка со лажна јака покажа како момците ќе носат фанки кежуал во наредниве две сезони. Уште еден момент што секако вреди да се спомне за оваа колекција е дека е речиси 70 % еколошка, што само го надополнува квалитетот на Ирина Тошева и докажува дека таа дефинитивно не се плаши да ги следи светските модни трендови. Облак 9 е прекрасен носталгичен омаж на културно ослободените и сензуални 70-ти во една рафинирана колекција што единствено ја надминуваа очилата што беа апсолутно магични. Единствената забелешка од мене: Ирина, сакаме повеќе парчиња во твоите колекции! :)

Повеќе фотографии од Миладин Паповиќ на Штипка!

 

 

MFB: With Ilina&Hristina from Dihmension Magazine

MFB: With Ilina&Hristina from Dihmension Magazine; Photo Miladin Papovic

FWSK_Day2-0967

I AM WEARING:

Blazer by Irina Tosheva Memento Mori Collection

Skirt ATAMI

Mary Jane pumps Kitten (@ Office Shoes)

Socks Sara Fashion

Belt: Bershka

T-shirt: Pevex

Necklace: Lovecat Drama by Ivana Knez

Clutch: Carpisa

Nailpolish: OPI If You Moust You Moust